| 28.05.2018. ДЕШАВКИ

Date : 03.06.2018. - 03.06.2018.
Location : Скопје
Venue : Порта Македонија
Start : 11:00
Price : Free

Подгответе се за уште едно возење низ Скопските улици? 🙂

Со гордост го најавуваме 4-то по ред #ВозиПравоВозиЗдраво!

Оваа година денот е: недела 3. јуни со старт од 11 часот. Ќе се возиме заедно на велосипед, тротинет, ролерки, скироли, бебе колички по безбедните празни улици од Порта Македонија до Градски парк.

 
 

Како и претходните години, во Градскиот парк ќе имаме голема пикник забава и лотарија со вредни награди за регистрираните учесници:

* 5 х Specialized Велосипед
* 5 х GoPro камера
* 5 х Fitbit алка
* 5 x MICRO Тротинет
* 5 х Скирол
* 5 х Кацига, алат и пумпа
* 5 х Ранец

Затоа, подгответе си ги ролерките, стегнете ги велосипедите, качете се на тротитентите или скејтовите а можете дури и со вашите колички со бебиња и придружете ни се накратко да го ослободиме центарот на Скопје од автомобили и да се возиме по широките улици заедно.

  
 

РЕГИСТРАЦИЈА? Секако достапна online ТУКА:
http://bit.ly/РегистрацијаВПВЗ

Овојпат, бројчињата од регистрацијата ќе може да ги подигнете и од филијалата i-bank store од понеделник до петок од 09 – 18 часот или пак доколку не стигнете, истите можете да ги подигнете на пултовите пред стартот на Порта Македонија, 03 јуни, веќе од 10 часот.

За повеќе инфо тука:
http://bit.ly/vozipravovozizdravo

 
loading...
 

Се гледаме во недела на 3 јуни?
Стартот е во 11 часот, Порта Македонија!

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени