| 31.05.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Во Шкотска се отвори центар за рехабилитација на зависници од биткоин со цел да се излечат сите луѓе кои се опседнати со виртуелните пари. Центарот Castle Craig Hospital во Пеблшир ќе ги прими сите зависници од криптовалути, алкохоличари, корисници на дрога и луѓе кои се борат со други сериозни зависности, пишува DailyMail

Според експерите, зависниците од тргување со криптовалути покажуваат исто однесување како и зависниците од онлајн коцкање. Од Castle Craig велат дека немаат статистички податоци за бројот на луѓе зависни од криптовалути, но дека во светот има околу 13 милиони луѓе кои тргуваат во системот. 

Биткоин е најпознатата криптовалута која постои од 2010 година. Кога беше прв пат лансирана вредеше околу 0,39 долари, а врвот на вредноста го достигна минатата година – околу 18.000 долари.

 
 

Крис Берн е еден од терапевтите во Castle Craig Hospital. Тој вели дека флуктуацијата на цената и на пазарот за криптовалути е многу привлечна за коцкарите.

Им нуди возбуда како еден вид бегство од реалноста. Биткоин, на пример, многу се тргува и имаше огромни загуби. Ова е класична ситуација со надуен балон“ вели Крис. 

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени