| 21.05.2018. ПО ДОМА

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал  објави дека планинарот од Македонија, доктор Георги Петков од Гевгелија , починал од срцев удар при подготовката да ја искачи последната дестинација до врвот Монт Еверест.

Тој се наоѓа на ова патешествие уште од 24 март, кога тргна во мисија на освојување на највисокиот врв на светот, Монт Еверест.

63-годишниот доктор специјалист инфектолог од Гевгелија  при подготовка за последното искачување кон врвот, починал попладнево од претрпен срцев удар. Тој се наоѓал во Базниот Камп 3 на 7.200 метри надморска височина и колабирал при подготовките за финалната рута на искачување кон врвот Монт Еверест од јужната страна, која се простира на територија на Непал. Веста за кобната загуба ја потврди за порталот „The Himalayan Times“ шерпасот Ками Нуру, менаџер на базниот логор, а ја проследи и „Channel news Asia“.

 
 

Оваа вест на својата ФБ страница ја објабви и планинарското друштво ,,Кожуф“, чиј член беше Петков.

Петков беше дел од експедицијата предводена од британскиот алпинист и лидер за комерцијална експедиција, Тим Моусдејл од Лондон, Англија.

  
 

Ѓорги Петков, во изминатите десетина години ги има искачено  сите највисоки врвови, на речиси сите континенти.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени