| 27.05.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Колку и да не сте љубители на зачини, карито има некој посебен шмек кој одлично оди со пилешко бело месо. Ако сте за еден вкусен ручек како од ресторан, подгответе го следниов рецепт:

Потребни состојки:
– 4 парчиња пилешко бело месо
– 1 лажица растопен путер
– Сол бибер

За сосот:
– 2 лажици путер
– 1 мал кромид
– 1 ½ лажица брашно
– 2 лажици кари
– ¼ l пилешка супа
– 4 лажици полномасна павлака
– Сол и бибер
– 1 лажичка сенф (по вкус)

 
 

Подготовка:
Пилешките гради испржете ги на путер, премачкани со сол и бибер или уште некој зачин по желба.

За сосот растопете го путерот на средна температура, во поголем сад. Додајте го кромидот и пржете додека не омекне. Додадете го брашното и карито. Постепено мешајте и додавајте ја пилешката супа. На крај додадете ја и павлаката и сенфот. Варете и мешајте додека сосот не се згусне. Зачинете и посолете.

Пилешките стекови може да ги послужите со крцкав компир и да ги прелиете со сосот од кари.

  
 

recept-na-denot-domasno-kremasto-pilesko-vo-kari-sos-2.jpg

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени