| 05.06.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Од Инстаграм конечно објаснија кои фактори се важни на алгоритамот кој што одлучува кои објави ќе им се прикажуваат на корисниците на самиот врв на „фидот“.

Пред две години, Инстаграм слично на Фејсбук, воведе промена на алгоритмот за прикажување на објавите, па наместо прикажување на последните објави, најпрвин се прикажуваа објавите кои што алгоритмот смета дека се најинтересни и најважни.

Минатата седмица од Инстаграм конечно одлучија да откријат како функционира алгоритмот, односно кои фактори се најважни за една објава да се најде на врвот – тоа се интересите, неодамнешните објави и поврзаноста.

 
 

Интересите се однесуваат на важноста на објавите за корисникот, при што најважните објави се покажуваат на врвот. Вториот вактор е важен затоа што за Инстаграм приоритет се новите објави, додека пак третиот фактор, односно поврзаноста се однесува на врската помеѓу лицето и лицето/страницата која што има објавено фотографија или видео на Инстаграм – што поголема интеракција со некого на Инстаграм, поголема е веројатноста содржината на тие лица да се прикажува на врвот.

Покрај тоа, за алгоритмот се важни уште три фактори врз чиј што темел одлучува за прикажувањето на објавите на оваа социјална мрежа – прв фактор е тоа колку често се отвора апликацијата, па Инстаграм сака на корисниците да им ги прикажува најдобрите објави од последното прегледување на содржините.

Потоа, бројот на следбениците, затоа што ако корисниците следат голем број на луѓе, ќе им се прикажуваат помал број на објави од одредени луѓе, а последниот фактор е користењето. Врз темел на времето кое што го поминувате на Инстаграм, алгоритмот одлучува кога е потребно да се прикажат само најдобрите објави и дали на корисниците воопшто ќе им се прикажуваат помалку интересните објави.

  
 

Од Инстаграм тврдат дека социјалната мрежа никогаш не крие објави, па ако корисниците продолжат да скролаат, тогаш сигурно ќе ги видат сите објави, само не по временскиот редослед по кои што се објавени.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени