| 01.06.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Скоро 750 деца починале во изминава деценија бидејќи биле оставени во затворен автомобил на жешко време, дури и кога бил паркиран во сенка. Во САД во просек умираат 30 деца затворени во автомобили кои по некое време изложеност на сонце се претвораат во „вжештени рерни“.

Медиумите и социјалните мрежи со години објавуваат предупредувања дека не треба да ги оставате децата и миленичињата во автомобилот додека „на брзина завршувате некоја обврска“.

Научното списание „Temperatures“ објави текст во кој тврди дека доволно е детето да помине 60 минути во затворен автомобил на топло време за да му биде загрозен животот.

 
 

Имено, децата се почувствителни на температурни промени за разлика од возрасните, полесно се загреваат и многу потешко се ладат. Исто така, не се во состојба да излезат од автомобилот ако не се чувствуваат добро.

Научниците, во консултација со лекари, пресметале дека телесна температура од 40 степени Целзиусови е доволна за да ги поттикне сите симптоми на топлотен удар, што потоа може да резултираат со откажување органи, оштетувања на мозокот или смрт.

Експериментите биле спроведени со три сета возила паркирани наизменично во периодот на јуни и јули во 2014 година во градот Тампа, Аризона. Забележан е раст на температурата, а научниците разгледувале сценарија на кој начин температурата би влијаела на организмот на детето, односно на животните.

  
 

Временски, најдолго време било потребно за да се загрее комбе, а најмалку на мали автомобили со темна боја. Температурата во возилата по еден час изнесувала 46 степени Целзиусови, а воланот, седиштата и предниот дел на возилото биле уште потопли. По еден час под сенка на топло време, температурата изнесувала 37 степени Целзиусови.

По еден час изложеност на сонце или по два часа во сенка, детето или миленичето, ако се оставени во затворениот автомобил, ќе бидат во смртна опасност.

„На сите ни се има случено да влеземе во автомобил загреан на сонце и да не можеме да го допреме воланот бидејќи е прежежок. Замислете како тоа се одразува на организмот“, вели Ненси Селовер, климатолог од Универзитетот на Аризона.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени