| 15.05.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Идејата за рамна Земја навистина се прослави овој период. Денес многу познати личности, како и цели групи луѓе навистина веруваат дека Земјата е рамна. Иако идејата е смешна, навистина ве тера да размислите како би изгледал нашиот живот ако ова беше вистина. Научниците се обиделе да дадат неколку одговори.

1. Гравитацијата постојано ќе ве влече кон север

10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамна

 
 

Гравитацијата ги влече предметите на Земјата кон нејзиниот центар. Поради ова ние не паѓаме од планетата. На рамна Земја, гравитацијата нема да функционира на ист начин, па таа нема да ве влече кон центарот на топката, туку кон она што би било центар на Земјата. На повеќето мапи за рамна Земја, овој центар е Северниот пол. Ова значи дека секоја личност на Земјата ќе чувствува постојано влечење кон север. Водата би се излеала од океаните, а дрвјата и растенијата би растеле дијагонално.

2. Сонцето ќе ја испржи Земјата

10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамна

  
 

Рамната Земја би немала магнетно поле. Земјата е заштитена од космичките и соларните значења од магнетното поле кое постои само поради Земјината ротација. Ако Земјата е рамна, нема да ротира и постојано би била бомбардирана од соларна радијација. Ова ќе го уништи озонот и атмосферата и ќе нè направи ранливи на астероиди и метеори.

3. Сите направи за навигација ќе престанат да работат

10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамна

 
loading...
 

Без јадро или магнетен север, сите компаси би престанале да работат. Ова ќе биде уште полошо за животните бидејќи многу од нив го користат магнетното поле на Земјата за навигација. Исто така ѕвездите на небото постојано би биле истите бидејќи Земјата нема да ротира. Рамната Земја ќе има ефект и на ГПС системите. Ако нема гравитација, сателитите нема да останат во орбитата и би паднале на Земјата.

4. Ќе можете да гледате многу далеку

10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамна

Не би било сè толку лошо доколку Земјата беше рамна. Едно од добрите нешта е што би можеле да гледате што се случува и преку неколку земји. Нашите очи се посилни одошто ни изгледаат. Причината што не гледаме на голема далечина е тоа што земјата се искривува на околу 5 километри од нас.

5. Тектонските плочи ќе престанат да се движат

10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамна

Тектонските плочи се искривени за да се совпаднат со формата на Земјата. Секогаш кога се мрда тектонска плоча, таа е во интеракција со плоча на спротивната страна на Земјата. Ако Земјата е рамна, ова не би функционирало. Не е сосема јасно како би функционирале тектонските плочи на Земјата, но најверојатно би прекинало секакво нивно движење. Ако нема движење на овие плочи, би немале планини или долини. Планетата би била совршено рамна.

6. Би било невозможно да го поминете Антарктикот

10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамна

Според најголем број модели на рамна Земја, Антарктикот се наоѓа на работ на светот. Тој е совршен круг околу планетата. На работ има огромен замрзнат ѕид што ја држи водата на планетата. Во овој случај, никој не би можел да го помине овој континент, а тоа е нешто што го имаат направено многу луѓе. Покрај тоа, ѕидот од мраз би бил навистина кршлив. Ако не се движат тектонските плочи, нема ни како да се создаде ѕидот.

7. Ќе нема временски сезони

10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамна

На рамна Земја би немало временски сезони. На планетата постојат сезоните поради закривувањето на нејзината оска. Поради тоа е лето во северната и зима во јужната хемисфера. На рамна Земја закривувањето нема да постои, особено ако Северниот пол е центарот. Целата планета ќе има само една сезона. Ова би предизвикало голема промена во климатскиот систем на Земјата и секоја болест би патувала многу побрзо низ светот.

8. Ќе нема дожд

10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамна

Ако Земјата е рамна, ветерот ќе дува само во две насоки – север и југ. Ова би предизвикало масовни катастрофи. Ротацијата на Земјата предизвикува ветриштата и океанските струи да се движат од исток кон запад. Ако ротација не постои, ќе престанат и сите ветрови. Од една страна ќе биде добро бидејќи ќе нема урагани, но ќе нема ни дожд и секој ден ќе биде комплетно сув.

9. Сонцето ќе се судри со Земјата

10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамна

Ако Земјата е рамна, целиот живот на неа не би траел долго. На кружна планета, комбинацијата од моментум и гравитација ја држи во орбита околу сонцето. Според теоријата за рамна Земја, ние воопшто не се движиме. Целосно сме стационарни под сонцето кое лебди. Ова е проблем бидејќи ништо не би го спречило сонцето да падне врз Земјата. Повеќето луѓе што веруваат во оваа теорија сметаат дека гравитацијата не постои и дека сонцето е мала огнена топка на растојание од само 6.400 километри од Земјата. И во овој случај, сонцето, месечината и секоја планета во универзумот би паднала врз Земјата.

10. Ова би било најголемата теорија на заговор на сите времиња

10 нешта што би се случиле ако Земјата би била рамна

Ако оваа теорија е вистина, таа ќе биде најголемата теорија на заговор во историјата на човештвото. Луѓето кои веруваат во неа сметаат дека ова е заговор подготвен од НАСА. Покрај тоа, секој човек што учествувал на мисија во вселената или Антарктикот е дел од заговорот. Тешко е да се добие точен број, но познато е дека само во проектот Аполо учествувале околу 400.000 луѓе. Покрај тоа, многу луѓе имаат испратено камери во вселената на кои се гледа закривувањето на Земјата. Ако таа е рамна, и тие би биле дел од заговорот. Ако теоријата е точна, милиони луѓе би знаеле за ова, но би одбиле да кажат. Милиони луѓе би нè лажеле во лице секој ден.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
13.05.2018. The Chef
14.05.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени