| 16.05.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Никој не ни очекуваше дека некогаш ќе го кажеме ова, ама ете го: компанијата 7-Eleven промовираше лименки кои самите се ладат, без да бидат ставени во фрижидер. Иднината е тука!

7-Eleven ја презентираше новата линија на кафиња наречена Fizzics Sparkling Cold Brew Coffee, кои доаѓаат спакувани во лименки кои самите се ладат.

Лименките се дизајнирани и направени од експертите за амбалажи во The Joseph Company International и тие се активираат кога купувачот ќе го сврти топчето кое се наоѓа на дното од лименката, со што се испушта јаглерод диоксид кој го лади кафето во лименката за околу 90 секунди. Таа дури и испушта пријатен звук на шушкање додека кафето се лади, што ја прави уште попривлечна за купувачите.

 
 

Според FoodBev Media, за да се стигне до ова откритие биле потребни 25 години напорна работа.

Fizzics лименките ќе бидат пуштени во продажба во 15 7-Eleven продавници низ Лос Анџелес, но знаејќи колку време е потрошено за да се стигне до овој пронајдок, се очекува дека многу набрзо тие ќе бидат користени за многу повеќе од кафе и низ многу повеќе продавници низ светот.

  
 

Лименката која сама се лади може да го олади кафето до минусна температура, а притоа ќе додаде 150 грама на вообичаената тежина. За разлика од првиот проект на лименки кои сами се ладат, во кој The Joseph Company International соработуваше со Pepsi, новите нема да содржат HFC134A. Овој разладувач беше означен како штетен бидејќи се тврди дека придонесувал кон глобалното затоплување.

Новите лименки се голем адут на 7-Eleven, кои сметаат дека конечно ќе можат да ги задоволат вкусовите на сите потрошувачи со тоа што ќе ја продаваат лименката топла, па доколку некој сака ладно кафе, може да ја активира лименката и тоа да биде инстантно изладено.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени