| 01.06.2018. ДЕШАВКИ

Date : 08.06.2018. - 08.06.2018.
Location : Скопје
Venue : Парк Хотел
Start : 09:00
Price : 2999 мкд

Иднината на маркетингот е тука, дали си спремен?

Creative Hub со задоволство Ве поканува на еднодневен настан посветен на иднината на маркетингот и креирањето на иновативни визуелни содржини како дел од неа.

Во склоп на настанот, ќе бидат изведени две панел дискусии:

 
 

1. Трендови во адвертајзингот

Како купуваат новите генерации? Што е тоа што ги влече да користат одреден производ или услуга? Како дигиталните алатки кои се на располагање на сите можеме да ги искористиме за да се доближиме до новата генерација потрошувачи? Како сето тоа да им се пренесе на новите маркетери преку формалното и неформалното образование?

2. The future of content creation

  
 

Какви содржини се иднината? Како технолошкиот развиток и достапноста на различни информации ни помага да одредиме какви содржини ќе се објавуваат? Дали 3D, VR, AR, или пак видеото ја носат иднината во претставувањето на пазарот? Каква е иднината на интеракцијата меѓу бизнисот и потенцијалните корисници?

Одговорот на сите овие прашања ќе биде преточен преку излагањата на панелисти од различни македонски маркетинг и адвертајзинг компании со долго искуство во работа на македонски и интернационални проекти. По самите панел дискусиии следуваат и прашања од страна на учесниците.

Настанот ќе заврши со кратка презентација на финалните проекти на студентите на нашите две академии: Академијата за Маркетинг и ПР и Академијата за Графички Дизајн.

 
loading...
 

Целосната агенда на настанот, панелистите и сите останати детали ќе бидат објавени многу наскоро.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени