| 10.06.2018. ТАБЛА

Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и има потреба од вработување на 1 (едно) лице, динамично и мотивирано да работи во мултидисциплинарна и мултинационална работна средина за пополнување на позицијата:

Машино-Монтер

Со задачи да врши навремено и стручно отстранување на сите дефекти во дистрибутивната мрежа и во топлинските станици. Одговорен е за правилна експлоатација на сите постројки и опрема во дистрибутивната мрежа и топлинските станици во рамките на дистрибутивниот систем.

 
 

Одговорен е за навремено и стручно постапување по сите рекламации од корисници кои се однесуваат на објекти кои се во негова надлежност.

Одговорен е за техничката исправност и за хигиената во топлинските станици за кои е задолжен како домаќин.

Одговорен е за одржување и сервисирање на машинскиот дел од опремата во рамките на дистрибутивниот систем.

  
 

Одговорен е за испорака на топлинска енергија согласно дијаграмот за испорака во објектите кои се во негова надлежност, а кои не се под далечинска контрола и управување.

Врши контрола – увид во внатрешните инсталации на корисниците.

Учествува во откривање на истекување на вода од мрежа со испитување на делници и проверка на шахти.

 
loading...
 

Учествува во прием и пуштање на нови топлински станици и делови на мрежа.

Врши монтажа и демонтажа на арматура во топлинските станици и на дистрибутивната мрежа.Врши хидраулично напрегање, прочистување, испитување како и ремонт на дистрибутивните постројки и дистрибутивната мрежа.

Критериуми за избор:
• Степен на образование 4/3-ССС, ССЗ техничка насока
• Вработување на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време
• Со или без работно искуство
• Возачка дозвола ,,Б,, категорија
• Работно време 40 часови неделно
• Работникот ќе работи во три смени
• Основна плата: 21 000
• Избор по пат на тестирање

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија, а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:
Електронски: [email protected]
Пријава: За работно место ,,Машино-Монтер,,
По пошта:
Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,
Ул. „Лондонска“ бр. 8 , 1000 Скопје
Пријава: за работно место,, Машино-Монтер,,

.Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати – 45 дена, до 500 – 90 дена и над 500 – 120 дена, по изминување на рокот за пријава.

Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514026.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени