| 29.05.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Љубителите на минералната вода можат да воздивнат, бидејќи нема причина за да се грижат за своето здравје. Постојат многу митови во врска со газираната вода, односно дека го извлекува “калциумот од коските и дека ја уништуваат надворешната обвивка на забот”. Што од тоа е вистина?

Ако сакате минерална вода, не постои ниту една причина зошто да не уживате во неа. Газираната вода е вода без шеќер и калории, таа е одлична замена за газираните пијалаци кои содржат шеќер, а особено е добра ако се пие на празен стомак, бидејќи создава заситеност.

Нема причина да се грижите за глеѓта на забот. Истражувањето објавено во “Journal of Oral Rehabilitation” докажува дека ризикот за глеѓта на забот е 100 пати помал кај газираната вода отколку кај останатите безалкохолни пијалаци.

 
 

Исто така, истражувачите во Центарот за Остепороза на Универзитетот Крајстон, САД, докажале дека газираната вода нема негативно влијание врз коските на човекот за разлика од некои газирани пијалаци кои ја намалуваат густината на коските во женските колкови.

Сите експерти се согласуваат дека минералната вода е безопасна доколку со исхраната внесуваме доволно калциум. Докажано е дека луѓето кои ја пијат имаат помалку проблеми со вишокот килограми, бидејќи меурчињата создаваат заситеност. Без оглед на меурчињата, еден дел од дневната препорачана количина на течност може да се замени со газирана вода. Единственото ограничување за пиењето на газирана вода, постои кај лицата кои имаат воспаление на цревата.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени