| 30.05.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Лондон започна проект кој има за цел да ги модернизира уличните музичари.

На изведувачите ќе им бидат доделени читачи на кредитни картички за минувачите да може да донираат во случаи кога немаат ситно.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан рече: „Лондон е извор за музика, создавајќи уметници од Адел до Стормзи и Дуа Липа. За Лондон да го одржи својот статус како глобален капитал на музика, од суштинско значење е ние да ги поддржуваме идните ѕвезди“.

 
 

„Уличната музика им помага на идните уметници да го усовршат својот талент и им дава можност да настапуваат пред голем број луѓе“.

Тој додаде: „Сега, повеќе лондонци ќе може да ја покажат својата поддршка за брилијантните и талентирани улични музичари во главниот град“.

Проектот го извршува иницијатива од Лондон, која има цел да промовира и поттикнува улична музика, со поддршка на технолошката компанија „iZettle“.

  
 

Читачите на кредитните картички ќе функционираат по ист принцип како во супермаркетите, со тоа што музичарот одредува фиксна сума на пари што сака да ја добие од минувачот, така што тие може да продолжат да свират додека минувачот донира.

Организаторите велат дека целта на овој проект е да се зголеми сумата на пари кои ја добиваат овие музичари.

Шарлот Кампбел, улична музичарка која помогна да се тестира технологијата вели: „Ако уличните музичари, како јас, не се адаптираат на општеството кое веќе не плаќа во готово ризикуваме да станеме уметност во изумирање“.

 
loading...
 

Технологијата веќе е поделена меѓу улични музичари во 32 области низ Лондон, а во наредните месеци уште на неколку локации ќе бидат доделени.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени