| 22.05.2018. ПО СВЕТОТ

Во периодот од 2000. до 2017. година биле убиени 36 деца во училишни масакри, а тоа е само за нијанса повеќе од бројот на жртви колку што има само оваа година.

Последното пукање во средното училиште во Тексас, кое се случило во петокот, донело црна статистика. Од почетокот на годината, настрадале повеќе деца во училиштата отколку војници кои се наоѓаат во различни мисии.

Последните податоци покажуваат дека во пукањето во Санта Фе настрадале 10 лица. Ако тој број го споредиме со податоците на Министерството за одбрана, дури и доколку не ги броиме жртвите кои не се деца, статистиката и натаму е поразителна, бидејќи има повеќе настрадани деца отколку војници.

 
 

Голем удел во тоа имало пукањето во средното училиште во Паркленд, кое се случило на 14. февруари.

Минатата година, ситуацијата била многу поразлична. Бројот на смртни случаи меѓу членовите на службата бил многу поголем од бројот на убиени во училишните масакри, пренесува “Washington Post”.

По објавувањето на овие податоци, уредникот на сајтот “Task & Purpose”, Џеред Келер, забележал дека во официјалните податоци на Министерството за одбрана нема податоци за смртни случаи во морнарицата. Исто така, во официјалните податоци не се вклучени ниту жртвите од падовите на хеликоптери, во кои загинале девет припадници на Националната гарда.

  
 

Сепак дури и со додавање на овие податоци, ситуацијата не се променила многу. И натаму има повеќе настрадани во училиштата.

Досега имало три пати повеќе смртни случаи во училишните пукања, отколку што било случај во 2005. година, која се смета за втора најсмртоносна година.

Во периодот од 2000. до 2017. година, до 18. мај, биле убиени 36 лица во училишни масакри, а тоа е само за нијанса повеќе од бројот на жртви колку што има само оваа година.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени