| 12.02.2018. ПО СВЕТОТ

Воениот сектор на САД доби буџет од неверојатни 700 милијарди долари. Најсилното лоби во државата, преку законодавците во двата табора успеа да издејствува за неколку десетина милијарди долари поголем буџет отколку што побара самиот Трамп.

Овие 700 милијарди долари кои годинава ќе гои има на располагање Пентагон не се ни споредуваат со парите кои за истите намени ги одвојуваат најблиските конкуренти: Русија и Кина. А бидејќи буџетскиот план е двогодишен, за следната е планиран уште поголем буџет, 716 милијарди долари.

Ова е најголем поединечен скок на воениот буџет (15,5% во однос на претходниот) од 2002 година кога тој порасна за 26,6% (од 345 милијарди на 437 милијарди). Но тоа беше време кога се „ослободуваа“ Ирак и Авганистан. За Авганистан, Русите велат дека денес Исис го има претворено во „база за одморање“ на регионалниот тероризам.

 
 

Денес САД во Ирак имаат далеку помалку војници отколку пред 10 години а во Авганистан држат 15.000. На времето таму имаа и 100.000 души.

Огромното покачување на трошоците за одбрана (чуј, одбрана) е поголемо отколку што бараше Трамп. Од издвоените 700 милијарди, околу 629 милијарди се за основните потреби на Пентагон а 71 милијарда за воени интервенции.

Трамп бараше 603 милијарди за Пентагон и 65 милијарди за воени мисии.

  
 

Ако, нека има.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени