| 31.05.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Кој би рекол дека за ваков проблем постои толку едноставно решение?

Сега многу лесно можете да ги отстраните вдлабнатините на дрвените површини, без да фрлите куп пари за скапи поправки. Вдлабнатините можат да изгледаат многу лошо, без разлика каде и да се појават, бидејќи најчесто се многу впечатливи.

 
 

Но, повеќе не мора да се грижите бидејќи го имаме идеалното решение за вас. Се што ви е потребно е чаша вода!

Постои генијална техника која може да ја пробате за да ги отстраните и најголемите вдлабнатини кои најчесто настануваат од пад на некој алат или тежок предмет. Се што ви е потребно е пегла, стара крпа и малку вода.

  
 

Нанесете малку вода на вдлабнатината која сакате да ја отстраните. Потоа прекријте ја со крпата. Вклучете ја пеглата на најјака температура и држете ја врз крпата, правејќи мали кружни движења. Притиснете силно, се додека крпата комплетно не се исуши.

Во овој момент дрвените влакна ќе ја апсорбираат водата и ќе се рашират правилно, на местото каде што се наоѓале првобитно. Повторете го овој процес со додавање уште вода се додека вдлабнатините не исчезнат целосно.

 
loading...
 

Кој би рекол дека за ваков проблем постои толку едноставно решение?

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени