| 21.05.2018. ПО СВЕТОТ

На остров од архипелагот Фернандо де Короња на бразилскиот брег се роди девојче, првпат по 12 години. Ова е обично породување како и секое останато, но со тој исклучок што се случи на остров каде раѓањето е забрането.

Девојчето се роди во саботата, на изненадување на сите жители на островот.

Нејзината мајка реши да го прекрши законот и да го роди детето во семејниот дом, каде живее заедно со мажот, кој е татко на новороденчето. Таа тврди дека и самата не била свесна за бременоста, ниту пак за тоа дека треба да се породи.

 
 

„Мајката, која не сака да биде идентификувана, се породила во нејзиниот дом. Нејзиното семејство вели дека никој од нив не бил свесен за бременоста“, пишува бразилскиот весник O Globo.

Малиот остров Фернандо де Короња е познат по животните и растенијата кои живеат таму, а тој има популација од само 3.000 жители. Од многу одамна таму е законски забрането да се раѓаат деца бидејќи островот нема гинеколози и гинеколошки оддел кој би можел да се грижи за трудниците. Ова е прво раѓање на дете на овој остров во последните 12 години.

Бремените жени се приморани да патуваат до Бразил, односно до најблискиот град Натал, кој има гинеколошко одделение но е оддалечен 365 километри преку океанот.

  
 

„Во петокот навечер почувствував болки и кога отидов во тоалетот видов дека нешто се спушта надолу по моите нозе. Тогаш дојде таткото на ова дете и ми помогна да се породам. Се роди бебе, девојче. Јас бев многу зачудена“, вели мајката за весникот O Globo.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени