| 22.05.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Неверојатно кремаст, богат и полн со чоколадо – овој пудинг е сè она што ви треба после напорниот работен ден. Дури и да не сте голем љубител на благите работи ова е нешто кое навистина морате да го пробате…

Состојки
– 1 1/2 чаша слатка павлака
– 1/2 чаша млеко
– 150 g темно чоколадо (60 или 70% какао), сечкано
– 4 жолчки од јајце
– 2 лажици кафеав шеќер
– 1/2 лажичка екстракт од ванила
– малку сол
– топла вода
– шлаг за декорација

Начин на подготовка
Загрејте ја рерната на 150 °C. Овој крем се препорачува да се пече во огноотпорен сад. На среден оган загрејте ги млекото и слатката павлака, така што ќе ги тргнете пред да почнат да вријат.

 
 

Со постојано мешање додавајте го чоколадото и мешајте додека не се стопи. Во поголем сад изматете ги жолчките, шеќерот, ванилата и солта. Со постојано мешање додавајте ја смесата со чоколадо.

Смесата претурете ја во подмачкан калап за печење кој ќе го ставите во поголем сад наполнет до половина со вода. Прекријте со алуминиумска фолија и печете 30 минути.

Кога кремот ќе биде готов би требало во средината уште да е течен. Оставете да се излади околу еден час и послужете со декорација од шлаг или шеќер во прав.

  
 

najkremastiot-cokoladen-puding-koj-ste-go-probale-3.jpeg

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени