| 15.05.2018. ПО СВЕТОТ

Полицијата и целата јавност е во шок откако излегоа деталите за измачувањето на десетте деца. Истрагата почна на 31 март , кога полицијата доведе 12 годишно момче во куќата на неговите родители по пријава дека исчезнал . Детето спиело во грмушки во близина на семејната куќа во гратчето Ферфилд , Калифорнија. Вчера момчето е најдено и однесено дома , каде полицајците се соочиле со страшна слика . Девет деца на возраст од 4 месеци до 11 години живееле во ужасни услови. Мајката, 30 годишната  Ина Роџерс била уапсена поради занемарување на децата , а таткото на повеќето деца , 29 годишниот Џонатан Ален ќе одговара за девет кривични дела измачување и за шест кривични дела злоставување на деца.

Соседите се шокирани , бидејќи не знаеле дека во куќата живеат десет деца. Куќата била преполна со измет и смет , а децата биле жртви на физичко и на психичко насилство. На нивните тела имало траги од убодни рани , изгореници , модринки и прострелни рани, со кои се здобиле од воздушна пушка и пиштол со кој ги стрелале ,,родителите “.

Џонатан Ален се прогласил за невин , додека судот по одлуката за притвор му одредил кауција од пет милиони долари. Обвинителството најавува дека ќе биде проширено обвинението и за мајката. Таа е пуштена од затвор со кауција од 10 000 долари . Вели дека и двајцата потекнувале од разорени семејства и дека сакале многу деца .

 
 

Работела ноќна смена како ЕКГ техничар , додека Ален бил уметник за тетовирање. Децата не оделе на училиште , туку се образувале дома.

Таа се правда дека куќата и биле испревртена зошто биле во потрага по синот , кој избегал од дома наводно зошто сакале да му го одземат таблетот.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
13.05.2018. The Chef
14.05.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени