| 08.06.2018. ПО СВЕТОТ

Вдовицата и синот на нарко босот Пабло Ескобар е обвинети за перење пари во Аргентина и замрзнат им се имотите вредни по 1 милиони долари.

Викторија Хенао и нејзиниот син Хуан Пабло Ескобар Хенао се товарат за учество во криминална организација и дека биле посредници во Аргентина за колумбискиот дилер на дрога Хосе Пиедрахита.

Двајцата ќе останат на слобода додека трае ссудската постапка, соопшти судот во Аргентина.

 
 

Моиже да поднесат жалба до судијата Нестор Барал кој исто така нареди да им бидат замрзнати имотите. Во случајот е обвинет и поранешниот колумбиски фудбалер Маурисио Серна.

Сите тројца се товарат дека работеле како посредници за Пиедрахита и дека переле пари преку агенција за недвижности и кафуле.

Пиедрахита беше уапсен во Колумбија во септември и САД бараат негова екстрадиција.

  
 

Семејството Ескобар побегна во Мозамбик откако злогласениот нарко бос беше смртно застрелан од полицијата во 1993 година, но подоцна се пресели во Аргентина.

Вдовицата на Ескобар си го смени името во Марија Исабел Сантос Кабалеро, а синот го користи името Хуан Себастијан Марокин Сантос и тврди дека името го исбрал случајно од телефонски именик.

 
loading...
 

Марокин оттогаш се трудеше да се дистанцира од криминалните активности на татко му, кој некогаш важеше за најбараниот нарко бос и се рангираше на седмото место на листата најбогати луѓе според „Forbes“ со богатство што се проценуваше на 18 милијарди долари.

Во изминативе години, тој вети дека нема никогаш да ги следи стапките на Ескобар и настојуваше дека татко му бил „сѐ само не херој“. Марокин патуваше низ Латинска Америка и држеше говори против насилство и се залагаше за реформи на законите за дрога.

Тој велеше деа е горд што одбегнал да стане „посмртоносна верзија“ на татко му.

Неговата книга „Пабло Ескобар: Татко ми“, во која во детали зборува за богатствата што ги имале кога бил дете, стана бестселер во Латинска Америка.

„Можев да станам Пабло Ескобар 2.0. но наместо тоа сум архитект, дизајнер, предавач, а сега и писател“, рече тој.

Хенао се омажи за Ескобар во 1976 година и по неговата смрт и преселбата во Аргентина, дизајнерката и бизнисменка се трудеше да води смирен живот далеку од очите на јавноста.

Многу малку се знае за нејзината ќерка со Ескобар, Мануела, која наводно живее во Северна Каролина под псевдоним и работи како електричен инженер.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
06.06.2018. Ливадџија
05.06.2018. The Chef
08.06.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени