| 05.06.2018. ПО СВЕТОТ

За првпат во историјата на Саудиска Арабија државата ќе издаде возачки дозволи на жени. Десетте жени кои денес ги добиваат нивните возачки дозволи ќе можат да управуваат со автомобил од 24 јуни, кога престанува забраната за жени-возачи.

Властите очекуваат дека во наредната недела уште 2.000 жени ќе аплицираат за добивање возачка дозвола.

Саудиска Арабија е позната како земја во која има многу ограничувања за жените, каде мешањето со спротивниот пол на јавни места е забрането и жените мораат да бараат дозвола од мажите за повеќето активности. Но, кралството реши дека ќе ги олесни рестрикциите за жените кога е во прашање образованието и пристапот на јавни места како што се спортските стадиони или киносалите.

 
 

Во септември минатата година кралот Салман издаде декрет со кој им даде право на жените да возат, а пред тоа ѝ нареди на владата да наведе услуги и активности кои жените можат да ги користат и извршуваат без дозвола од мажите во нивното семејство. Исто така, им нареди на компаниите дека мора да обезбедат превоз за работниците.

Иако ова е голем чекор напред, сепак голем број корисници на социјалните мрежи се огласија и го осудија овој потег како „пропаганда“ и лажен потег на милост кон жените од оваа земја.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени