| 31.05.2018. ПО СВЕТОТ

Американскиот евангелистички свештеник Џеси Дуплантис ги повикал своите верници да соберат 54 милиони долари за да може да си купи приватен авион – четврти по ред. Дуплантис, инаку, проповеда преку телевизија (за таквите проповедници во Америка постои назив телевангелисти).

– Знаете дека во својот живот поседував три различни авиони и дека ги користев и ги користам, се додека не ги искористив во Господово име – рекол Дуплантис.

Проблемот со тие авиони бил, според неговите зборови, тоа што морале да слетуваат на повеќе места за да ја дополнат гориво. Меѓутоа, доколку верниците ја исполнат неговата желба и молба и ги соберат бараните средства, Дуплантис би купил „Фалкон икс“, со кој би избегнал дополнителни трошоци поради слетувањата за да дополни гориво.

 
 

– Навистина верувам дека Исус, кога денес би чекорел по земјата, не би јавал магаре, туку би летал со авион проповедувајќи го Евангелието ширум светот – рекол Дуплантис во видео-обраќањето.

Обраќањето на Дуплантис е објавено откако еден друг телевангелист, Кенет Копленд од Тексас купил авион „Галфстрим 5“ за 36 милиони долари.

Тие двајца неодамна, во програмата на Копленд, ги бранеле своите ставови за поседувањето на приватни авиони со зборовите дека комерцијалните авиокомпании се преполни со демони кои стојат на патот на нивните пребукирани распореди.

  
 

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени