| 06.06.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Замислете дека постои еден сосема поинаков свет на необјективна реалност. Во еден момент сте само едно обично џуџе – во следниот прераснувате во џин. Или, пак, замислете дека можете да изгледате толку минијатурно покрај некои обични предмети. Послужена вечера каде на масата стои – вашата глава? Сè e до перцепцијата. Дури и за работите кои стојат пред вас, но не можете да ги допрете.

Во строгиот центар на градот од денеска ново катче. Во него да најдете скапи уметнички дела или експонати од непроценлива вредност, но ќе може да бидете дел од магијата наречена – илузија.

„Имате соба со огледала каде влегувате сам а се мултиплицирате стотина пати повеќе. Имате простор во кој се губи тлото под вашите нозе, тоа е собата за гравитација. Има и соби кои се во тотално опозитна варијанта на архитектурно решение каде подот се наоѓа на местото на плафонот и обратно“, Марија Илиќ, ПР на Музејот на илузии.

 
 

Нема да се чудите само за вас туку и за фотографиите кои се поставени на ѕидовите. Дали гледате патка или зајак? Баба или девојка? 70 фотографии ќе ве замислат за момент што е насликано на нив.

Надлежните очекуваат оваа светска атракција да привлече голем број туристи.

„Секоја дестинција е препознатлива по атракциите кои што ги нуди. Градот Скопје има што да понуди. Токму и Музејот на илузии ќе биде едно парче во целиот мозаик кој што може туристичките работници, водичите и tour-операторите да го понудат на гостите кои ќе го посетат градот, вели Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција на туризмот.

  
 

Музејот на илузии се простира на 550 квадратни метри и има три нивоа.

www.kanal5.mk

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени