| 20.05.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Ова е еден од рецептите кој освен што има одличен вкус, ќе биде и совршен украс на секоја трпеза благодарение на впечатливиот изглед.

Послужете го како предјадење или додаток на главното јадење и нема да погрешите. Постапката е неверојатно лесна, а одличниот вкус е загарантиран.

Состојки
– ½ kg компири
– 1 кромид
– 1 чешне лук
– 1 јајце
– 50-70 g кашкавал
– 200-250 g ситно сечканo пилешко месо

 
 

Начин на подготовка
Сварете ги компирите и изгмечете ги. Додадете ги јајцата и направете пире, матејќи со миксер. Оставете да се олади. Исечкајте го ситно кромидот, издинстајте го, па додадете го сечканиот лук и исечканото пилешко. Динстајте додека смесата не биде готова, односно месото не зарумени.

На плех ставете хартија за печење и премачкајте ја со малку масло или путер. Со помош на слаткарски шприц од пирето формирајте ги гнездата, кои ќе ги наполните со филот од пилешко месо. Врз добиените гнезда ставете рендан кашкавал и печете ги во загреана рерна на 180 °C, околу 25-30 минути.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени