| 29.05.2018. ПО ДОМА

Сигурно веќе имате проверено дали ви се компатибилни хороскопските знаци со вашиот партнер. Често слушаме за добрите особини на знаците, но дали знаете кои се лошите? Погледнете која е најлошата особина со којашто ќе треба да се справите со секој хороскопски знак доколку сакате сериозна врска со него.

Овен
Овните секогаш ќе бидат малку подобри од вас. Тие не само што имаат потреба да бидат во право, туку ќе се расправаат со вас дури и кога не се. Ова значи дека секогаш ќе се поставуваат малку над вас. Ако сфатат дека ги стигнувате, ќе почнат да бараат начин да се подобрат. Овните имаат потреба да водат и често ќе сакаат да ги следите.

Бик
Нивните стандарди можат да бидат непредвидливи, но и многу високи. Ретко кој има високи стандарди како Биковите. Тие не само што го очекуваат најдоброто, туку нивниот концепт за „најдобро“ постојано се менува. Ќе се чувствувате како никогаш да не сте доволно добри.

 
 

Близнаци
Понекогаш нивното его е посилно од нив. Близнаците имаат многу одлични карактеристики – лојални се, креативни и страсни. Но, често се под влијание на нивното его. Границите можат да им претставуваат проблем и можат да бидат гневни ако другите не ги исполнат нивните барања.

Рак
Очекувајте чести избувнувања без причина. Најлошото нешто кај Раковите е што често имаат многу ирационални емоции со кои е речиси невозможно да се справите. Ќе мора да научите да ја трпите епизодата и да не се расправате со нив. Понекогаш може да се чувствувате и како нивен родител.

Лав
Овој знак е алергичен на критики. Во врската потребно е да можете да кажете како се чувствувате и што не ви се допаѓа кај партнерот. Ова може да биде навистина тешко кога партнерот е Лав. Тие ќе се променат само ако гледаат некаква поента, а ваша задача е да им го покажете тоа.

  
 

Девица
Девиците секогаш изгледаат смирено, но тоа е бидејќи одлично ги кријат своите емоции. Поради тоа потиснување, често можат да реагираат бурно кога нема потреба за тоа. Важно е да знаете дека не треба секогаш сериозно да ги сфаќате нивните интензивни емоции и треба да почекате да поминат.

Вага
Речиси никогаш нема да бидете доволно добри за Вагите. Тие имаат повисоки стандарди за другите отколку за себе. Вагите имаат потреба од романса и убавина и постојано го бараат тоа. Нивниот партнер е местото каде што најчесто ќе го бараат она што им треба, па подгответе се да им го дадете.

Скорпија
На Скорпиите секогаш ќе им треба повеќе од она што им го давате. Иако често ја кријат секоја слаба страна, длабоко во нив им е потребно одобрување. Секогаш ќе сакаат да правите да се чувствуваат сакано и ценето, а понекогаш тоа може да биде навистина напорно.

 
loading...
 

Стрелец
Не дека Стрелците не можат да ѝ се посветат на една врска, но секогаш ќе изгледаат како да се интересираат за следното големо нешто. Тие постојано сонуваат за ново патување, нов проект, ново пријателство… И Стрелците можат да направат да се чувствувате како да не сте доволно добри или како да не ве сакаат. Тие се авантуристи и мораат да бидат во движење.

Јарец
Јарците постојано пружат отпор кон промените. Тие се најсреќни кога се стабилни и кога знаат што ќе се случи. Се разбира, реалниот живот е многу поразличен. На Јарците во врска најтешко им е што се соочени со непознато и можат да станат пасивни или тврдоглави. Мора да научите да се справите со ова.

Водолија
Ако сте со Водолија, не очекувајте да бидете на прво место. Ова не значи дека не им е грижа за вас, туку интересите на Водолиите често се менуваат од работа кон пријатели, па кон патување или што било. Ќе бидете дел од светот на Водолијата, но нема да бидете во центарот. Ако не можете да се помирите со тоа, Водолијата не е партнер за вас.

Риби
Рибите се премногу чувствителни и премногу им веруваат на своите чувства. Нормално е одвреме-навреме да почувствувате сомнеж во врската, но Рибите го сфаќаат тоа премногу сериозно, па можат и да направат нешто. Потребно е да научите како размислуваат тие и да знаете дека без разлика што чувствуваат, со тек време, тоа ќе се промени.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени