| 06.06.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Информацијата предизвика нова загриженост во врска со користењето на приватните информации на корисниците.

Фејсбук призна дека имал договор за размена на податоци со четири кинески технолошки компании меѓу кои и една, која од страна на американската разузнавачка заедница, се смета како закана за националната безбедност.

Информацијата предизвика нова загриженост во врска со користењето на приватните информации на корисниците на ова социјална мрежа.

 
 

Признанието дојде два дена откако „Њујорк тајмс“ откри оти Фејсбук постигнал спогодби за споделување податоци со околу 60 производители на електронски уреди, меѓу кои „Хуавеи“, “Леново“ „ОППО“ и „ТЦЛ“, со цел корисниците на Фејсбук полесно да можат да пристапат од нивните уреди.

Американските разузнавачки агенции со години наназад предупредуваат дека кинеската Влада би можела да побара пристап до податоците, кои се чуваат на уреди или сервери произведени од „Хуавеи.“

Армијата на САД веќе забрани продажба на паметни телефони „Хуавеи“ на воените бази.

  
 

Потпретседателот на Фејсбук Франциско Варела, изјави дека размената на податоци со „Хуавеи“ и другите кинески компании „биле контролирани од самиот почеток.“

Фејсбук се најде под интензивна критика, откако беше откриено дека компанијата споделила десетици милиони лични информации на корисниците со британската консултантска компанија „Кембриџ Аналитика.“

Фејсбук беше на удар и во септември, кога објави дека Русите, користејќи лажни профили, се обиделе да влијаат на претседателките изборите во 2016-та година.

 
loading...
 

voanews.com

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
04.06.2018. Ливадџија
05.06.2018. The Chef
06.06.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени