| 07.06.2018. ПО СВЕТОТ

Маж од југоисточна Франција два пати ја доби премијата на лото играта „Мој милион“ во временски период од неполни две години, а математичарите велат дека веројатноста за ваква среќа е еден на 16 илјади милијарди.

Добитникот чие име не беше објавено, првиот милион го освоил во ноември, 2016 година и после тоа продолжил секој ден да купува по едно лото ливче. Минатиот месец го доби вториот милион.

Продавачот кој му го продал добитното ливче рече дека веста ја примил без изненадување и додаде: „Изгледа навикнал да добива.“

 
 

„Мој милион“ е помала верзија на лотаријата „Евромилиони“.

Двојниот милионерски добитник планира да продолжи да игра и понатаму, објавија француските медиуми.

Математичарите проценуваат дека веројатноста еднаш да се освои премијата на „Мој милион“ изнесува 1:19.000.000.000, а за „Евромилион“ 1:140.000.000.000.

  
 

Од обложувалницата „Педи Пауер“ велат дека двојната добивка ги фрлила во сенка другите неверојатни шанси како два пати да ве удри гром, за што веројатноста е 1 наспроти 20 милиони или два пати со ред да внесете голф топче во дупка од прв удар – 1 на 60 милиони.

Организаторите на лотаријата соопштија дека не паметат досега да се има случено нешто слично.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
04.06.2018. Ливадџија
05.06.2018. The Chef
06.06.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени