| 15.05.2018. ПО СВЕТОТ

Дваесетгодишната Џејд Лин отсекогаш посакувала да изгледа како Барбика, а таа желба и успеала да ја оствари. Ова е девојката која фрлила околу 8000 евра само за имплементација на силикони на градите, а одржувањето на нејзиниот стајлинг изнесува околу 1000 евра месечно. Џејд вели дека силиконите на градите ги ставила уште на 19 години.

Иако цената за нејзинот излгед е висока, сепак таа истакнува дека заработува повеќе отколку што и е потребно и дека за да изгледа добро подготвена е сѐ да стори. Џејд Лин признава дека била целосно несигурна и незадоволна од својот природен изглед, во минатото. А денес кога ќе слушне негативни коментари за нејзиниот идентитет и избор на живот, таа се труди да не им придава голема важност на туѓите мислења и да живее онака како што отсекогаш сакала. Нејзина најголема подршка е нејзината мајка, која се труди да ја заштити на секој можен начин.

“Луѓето мораат да сфатат дека мене ова ме прави среќна. И во суштина, туѓите коментари не ме интересираат. Ќе бидам фејк додека не умрам.”

 
 

Нејзината цел била само една и единствена, а тоа е да истакне дека после толку пластични операции сега таа е целосно задоволна од себе и својот изглед.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
13.05.2018. The Chef
14.05.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени