| 05.06.2018. ПО СВЕТОТ

Жена во Далас изјавила дека го убила својот сопруг, бидејќи тој ја тепал нивната мачка која што таа ја сметала како дел од нивното семејство. Соседите биле шокирани кога слушнале дека 47-годишната Мери Харисон била обвинета за убиство на нејзиниот 49-годишен сопруг Декстер Харисон, во саботата наутро.

“Човек е застрелан поради мачка? Тоа е нешто лудо”, изјавил соседот Карл Филипс за случајот.

“Неверојатно е. Човекот го изгубил својот живот поради една мачка. Мислам дека нормално е луѓето да ги сакаат своите миленици, но мачката не треба да се сфаќа толку сериозно… трагично, човекот умре за мачка”, додал содедот на крајот.

 
 

Полицијата била испратена во домот на семејството Харисон за да го истражи целосно случајот.

Кога пристигнале офицерите, Марија Харисон изјавила дека го убила сопругот “за време на расправија, додека тој ја тепал семејната мачка”.

Декстер Харисон бил однесен во болница, но за жал докторите не успеале да го спасат неговиот живот, тој бил прогласен за мртов. Според извештајот на полицијата, неговата сопруга самата се упатила во полицијата лоцирана во Далас. Таму таа се согласила да биде распрашувана од страна на детективите, задолжени за истржување на убиства во Тексас.

  
 

За време на распрашувањето таа го признала злочинот кој што го извршила, односно признала дека го убила својот сопруг. Според извештајот на полицијата, мачката “виновник” за целиот овој скандал, исто така исчезнала. После потрагата на исчезнатата мачка, на крајот истата се вратила. Мери Харисон моментално е сместена во затворот во Далас.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени