| 06.06.2018. ПО СВЕТОТ

Аеродромот и активистите за човекови права во Гетеборг ги советуваат сите девојки кои се потенцијални жртви на присилни бракови или женско обрежување, да стават лажица во своите гаќи.

Имено, персоналот што работи на овој аеродром е обучен да реагира во вакви ситуации. Лажицата ќе ги активира детекторте за метал, по што девојката ќе биде тргната настрана или однесена во кабината да да биде испрашана.  Тогаш на службениците ќе може да им каже во што е проблемот.

Шведската национална телефонска линија за помош добила 139 повици од лица кои пријавиле принудни бракови или бракови со девојчиња. Активистите ги поттикнуваат другите градови да го следат примерот на Гетеборг и да ја усвојат оваа иницијатива за заштита на девојчињата.

 
 

Идејата беше лансирана од страна на британската добротворна организација Карма Нирвана, од каде велат дека оваа тактика веќе спасила голем број девојчиња во Велика Британија од присилни бракови. Тие побараа поголеми казни за присилните бракови откако полицијата откри дека имало 3.500 случаи во последните три години.

Во 2016 година, татко беше осуден за присилување на неговата ќерка да се ожени против нејзината волја откако со измама била однесена во Авганистан. Две години претходно спасена е 14-годишна девојка која   нејзиниот татко сакал да ја однесе во Етиопија за да се омажи за свој братучед. Таа била спасена откако побарала помош од училишниот педагог преку Фејсбук.

Според невладините организации, а врз основа на студијата спроведена во 2015 година, 38.000 девојчиња и жени во Шведска биле подложени на обрежување на половите оргни. Меѓу нив се главно жени од Сомалија, Еритреја, Етиопија, Египет и Гамбија.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
05.06.2018. The Chef
06.06.2018. Ливадџија
03.06.2018. The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени