| 30.05.2018. ПО СВЕТОТ

Шпанските даночни власти  побараа од Кристијано Роналдо да плати 28 милиони евра, двојно од она што тој го понуди како спогодба.

Тие ги одбија 14-те милиони евра што ги понуди фудбалерот во случајот со даночно затајување. Роналдо ја понуди оваа сума, како и признание на вината со цел да добие намалена затворска казна од две години.

Според шпанскиот закон, секоја осуда на затворска казна помала од две години, значи и условна казна, односно дека Роналдо нема да заврши зад решетки.

 
 

Шпанското обвинителство минатиот јуни отвори случај против фудбалерот на Реал Мадрид за даночно затајување од 14,8 милиони евра преку неговите маркетиншки права. Рокот да одговори на барањето на шпанските даночни власти е 15 јуни.

Доколку фудбалерот реши да оди на судење, а потоа биде прогласен за виновен би можел да добие затворска казна од осум години.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени