ливада

мн. ливади

Вид збор: Именка, женски род

Земјиште обраснато со трева која се коси за сено или се користи за пасење;

Земјиште обраснато со трева полско цвеќе и други cитни растенија.

* Извор: Дигитален речник на македонскиот јазик

 

Но, што е всушност livada.mk?

Ние веруваме дека човековиот ум и потенцијал се безгранични. Ние веруваме дека секоја индивидуа е возбудлив неоткриен свет. Ние веруваме дека во секој од нас тлее нешто вредно за внимание. Нешто, што е вистинска штета да остане единствено во твојот свет, наместо да се каже, чуе и обзнани, а со тоа и да се поднаучи по нешто…

Ние веруваме во исконската потреба да се размислува поразлично… Ние веруваме и во секогаш актуелната нужност да се предизвика и постојано да се предизвикува status quo ситуацијата. Ние веруваме дека прогресот е единствено мисловна именка, сè до оној момент кога идејата, ставот или пак чувството ќе се материјализираат во јавноста. И конечно, ние сепак веруваме во бајки и ‘happy-endings’…

Со создавањето на овој компактно-функционален простор за искажување, кој е едноставен за користење и навигација, Ви нудиме своевидна слободна територија за ментална гимнастика. Нешто како ‘теретана без потење’. Eден пред сè, достапен и отворен подиум за секого… Партнер за првото утринско кафе, за последната голтка вино пред кревет навечер…

Оттука, livada.mk е социјално-ангажиран форум и платформа на сите нас, ‘несфатените’… Ние, чиишто креативно-критичка осмисленост, аргументираност и храброст, одат многу подалеку од медиокритетските констелации на нашево време и простор.

Толку далеку, но не и едни од други…

Ќе ни се придружиш ли?

 

Објави текст

Пушти ни абер

Comments are closed.