| 07.06.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Јапонската популација се намалува побрзо од која било друга. Обединетите нации проценуваат дека од денешните 127 милиони до 2100 година населението ќе падне на 85 милиони, а од јапонското Биро за статистика истакнуваат дека ќе се намали на 100 милиони. Ако продолжи со ваква стапка, до 2500 година веќе нема да има Јапонци.

Возраста што го дели населението на две половини во Јапонија е рекордни 46,3 години, а се очекува да се зголеми поради тоа што таму се раѓаат помалку бебиња.

 
 

Младите Јапонци сѐ помалку сакаат да имаат деца. Всушност, само 946.000 бебиња се родиле во Јапонија во 2017 година, што е најмал број откога почнале да се бележат статистики во 1899 година. За да се забележи трендот, треба да се напомене дека истата година починале 1.340.433 луѓе. Во 2017 година се родиле 400.000 помалку луѓе отколку што умреле.

Опасното опаѓање е директно поврзано со стапката на раѓање. Една просечна Јапонка во 70-тите години имала 2,07 деца, а сега има 1,43 дете. Зошто? Едноставно е, Јапонците не сакаат да имаат деца.

  
 

Така во Јапонија има многу помалку млади луѓе што би се грижеле за постарите, што значи дека многу од нив умираат сами.

Дел од причините зошто младите луѓе не се обидуваат да имаат деца е што тие работат премногу, а тоа некогаш резултира и со „кароши“ – смрт предизвикана од премногу работа.

Речиси 27 отсто од возрасните Јапонци се постари од 65 години, а земјата има највисока стапка на стогодишници, 4,8 на 100.000 луѓе.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
04.06.2018. Ливадџија
05.06.2018. The Chef
06.06.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени