| 01.02.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Тоа е првата работа што ја правиме многу од нас кога ќе го сретнеме бебето на нашата пријателка, веднаш го споредуваме со неговите родители. Не можеме, а да не забележиме чии очи гледаат во нас, од кој од двајцата родители ја наследило бојата на коса или од кој го наследил тоа топче што го има како нос.

Иако ова може да биде многу забавно, научниците можат да ни ја скратат забавата со тоа што ни откриваат кои карактеристики со сигурност доаѓаат од мајката или од таткото. Дали сте љубопитни да дознаете кои се тие?

post cover photo

 
 

Стоматолошки проблеми
Иако доминираат гените и од двајцата родители, сепак, гените од таткото го имаат конечниот збор.

Срцеви заболувања
Експертите известуваат дека 1 од 5 мажи го носи генот кој го зголемува ризикот од коронарна срцева болест за 50%. Овој ген се пренесува преку генетските информации што ги дава вашиот татко, а не вашата мајка.

Усни
Структурата на усните е генетска особина која се пренесува од генерација на генерација, вклучувајќи ги и големината и структурата на усните. Ако тато има целосни усни, тогаш најверојатно и „малото“ ќе има.

  
 

Бојата на очите
Одредувањето на бојата на очите на бебето е навистина интересен процес, врз кој и двајцата родители имаат големо влијание. Експертите велат дека постојат околу 6 гени што имаат моќ да влијаат врз бојата на очите, каде што високо доминантните (кафеави) и пасивните (сини) алели имаат одлучувачка улога.

Висина
Висината на детето зависи и од мајката и од таткото, но улогата на таткото не треба да биде потценета. Ако таткото е висок, голема е веројатноста дека и детето ќе биде високо (можеби и не толку високо како таткото, ако мајката е ниска), но ако таткото е низок, најверојатно и детето ќе биде ниско.

 
loading...
 

 

Плодност
Иако постојат многу различни фактори кои придонесуваат за плодноста, истражувањата покажуваат дека производството на сперма има генетска компонента. Доколку детето е зачнато преку ин-витро оплодување поради мало производство на сперма, поголема е веројатноста дека и детето ќе го има истиот проблем.

Дупчиња на образите
И покрај фактот дека едноставно ги обожаваме лицата кои кога ќе се насмеат им се појавуваат дупчиња на образите, тие се сметаат за еден вид деформација на лицето. Меѓутоа, без разлика како се класифицираат овие заводливи дупчиња, нив ги наследуваме од таткото.

Проблеми со менталното здравје
Експертите имаат уште многу да истражуват на ова поле за да ги идентификуваат причините за најчестите проблеми во менталното здравје, но истражувањата покажуваат дека постарите татковци со АДХД (синдромот на недостаток на внимание и хиперактивност) и шизофренија можат за 4 пати повеќе да ги пренесат овие гени поради мутациите коишто настануваат со годините кај ДНК.

Отпечатоци од прсти
Отпечатоците од прстите се еден од најуникатните карактеристики по кои се разликуваме од останатите и се специфични само за нас. Иако детето нема да ги наследи татковите отпечатоци, тоа може да наследи одредени линии кои се појавуваат во отпечатокот од прстот на таткото.

Пол
Ова претставува еден од најпознатите факти од оваа листа. Мајката ги пренесува само X хромозомите, додека таткото може да пренесе X или Y хромозом. Овие хромозоми го одредуваат полот на бебето, така што XX хромозоми резултираат со девојче, а XY со момче. Бидејќи хромозомите од мајката се непроменливи, таткото е тој кој го одредува полот на бебето.

Ризично однесување
Научниците открија дека постои ген којшто е поврзан со потребата од ризично однесување. Тоа значи дека, ако таткото е човек кој постојано презема ризици, тогаш и детето може да биде голем преземач на ризици уште пред да се роди!

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
29.01.2018. Ливадџија
30.01.2018. The Chef
31.01.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени