| 23.11.2017. ПО СВЕТОТ

Светот станува се повеќе заинтересиран за Северна Кореја и нивниот начин на живот. Сепак, и покрај сите технологии и глобализација многу малку се знае за оваа земја. Дури и оние што биле таму би можеле да дадат апсолутно контрадикторни видувања бидејќи секоја посета таму е строго контролирана, од тоа што ќе видиш, до тоа каде ќе одиш, по кој пат ќе одиш и скоро секогаш имаш државна придружба со тебе.

Овде имаме потсоберено неколку фасцинантни и практично непознати факти за Северна Кореја, што може да ни помогне да ја разбереме оваа земја и нејзините луѓе малку подобро.

 

 
 

1. Севернокорејците се убедени дека Кореја е единствена земја.

Ако земете политичка карта на светот направена во било која друга земја, ќе видите дека Северна и Јужна Кореја се две одвоени држави со граница помеѓу нив. Арно ама, Северна Кореја е сигурна дека има само една Кореја! Во секоја училишна мапа во земјата прикажана е обединета земја со главен град Пјонгјанг. Од друга страна, и покрај фактот што двете страни навидум се стремат кон обединување, и двете имаат свои причини да го задржат статусот кво.

  
 

2. Тие ги нарекуваат Американците “големи носови”.

Американски војник на пропаганден постер од воениот музеј во Пјонгјанг

 
loading...
 

Севернокорејците веруваат дека сите Американци имаат големи носови, огромни очи и влакнести гради. Според извештаите на оние кои успеале да избегаат од земјата, тие од мали се учат да ги убиваат американските војници во своите училишта. За ова, тие користат картонски манекени направени да изгледаат како луѓе во воени униформи, со огромни носови и широко отворени сини очи.

3. Северна Кореја не е комунистичка земја.

Кула на Јуче идејата, Пјонгјанг

Често верување е дека Северна Кореја ја следи доктрината на марксизмот-ленинизмот. Всушност, тие се откажаа од комунистичката идеологија во 50-тите кога култот на личноста официјално беше разоткриен во СССР. Ова е моментот кога идејата за Јуче процвета. Според историчарите од Северна Кореја, оваа идеја се појавила уште во 1926 година како продолжение на учењата на Маркс и Ленин.

Со текот на времето, сите споменувања на комунизмот почнале да се уништуваат од уставот на Северна Кореја. Во последното издание, усвоено во 2009 година, целосно е избришан зборот комунизам.

4. Северна Кореја нема даноци.

Северна Кореја е една од ретките земји во светот чии жители не плаќаат даноци. Оданочувањето било укинато во 1974 година како дел од “стариот свет”. Само организациите и поединците кои прават пари надвор од земјата не се ослободуваат од данок. Сепак, сè може да се промени наскоро: се шпекулира дека владата планира повторно да воведе данок на доход во блиска иднина.

5. Севернокорејците гледаат американски филмови без да знаат за тоа.

Да, убаво прочитавте – ги обожаваат холивудските филмови во Северна Кореја. На пример, Титаник е општо прифатено дека е од Велика Британија, а Умри Машки со Брус Вилис дека е од Русија. Значи, корејците најчесто не знаат точно каде е снимен филмот. Патем, гледањето на Јужнокорејска телевизија е многу поопасно, бидејќи не може да се оправда прекршителот со незнаење на тоа од каде доаѓа тој филм или шоу.

Интересен факт: Ким Ил Сунг е роден на 15 април 1912 година – денот кога Титаник потона.

6. Кимилсунгија и Кимјонгилија

Не, ова не се хумористични имиња за цвеќиња од Северна Кореја. Имињата на овие цвеќиња се дадени според оние на вечните лидери. Кимилсунгија е хибридна орхидеја, а Кимјонгилија е хибридна бегонија. Ниту едно од цвеќињата не е симбол на Северна Кореја, бидејќи таа улога е доделена на магнолијата. Но, ова не ги спречува да организираат годишни изложби на Кимилсунгии и Кимјонгилии, за кои секое семејство што учествува се обидува да го израсне најдобриот цвет.

7. Северна Кореја е еден од водечките светски извозници на морска храна.

Севернокорејски рибарски бродови во Расон

Главниот трговски партнер на Северна Кореја е нејзиниот сосед Кина, и таа врска изнесува околу 60 отсто од извозот на земјата. Еден од главните извозни производи е рибата и другите морски плодови, со што се заокружува една четвртина од сите стоки што се продаваат во странство. Покрај тоа, Северна Кореја е меѓу првите 20 земји кои извезуваат морски производи.

Патем, други стоки што котираат високо во извозот на Северна Кореја се споменици, кои се произведуваат по нарачка. Во уметничкото студио “Мансуда”, кое се занимава со создавање на монументална уметност, слики и таписерии, можете дури и да си нарачате нешто за себе.

8. Шефот на Северна Кореја е мртов човек.

Ким Јонг-Ун, Врховниот лидер на КНДР

Северна Кореја е единствената држава во светот која има единствена форма на владеење: некрократија. Причината за тоа е што Ким Ил Сунг беше постхумно прогласен за Вечен Лидер на Северна Кореја. Во пракса, тоа значи дека актуелниот лидер на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун, ги носи титулите на Врховен лидер на Северна Кореја, Врховен командант на Армијата и претседател на Работничката партија, но тој не држи никаков претседателски статус. Ако сме искрени, не му ни треба, ете има еден куп други кул титули.

9. Во Ариранг парадата учевствува 0,4% од целокупното население во земјата.

Парадата Ариранг 2012, посветена на 100-годишнината од раѓањето на Ким Ил Сунг

Парадата Ариранг е најголемата масовна изведба во светот и е вклучена во Гинисовата книга на рекорди. Секоја година учествуваат околу 100.000 луѓе, а целата популација на земјата е околу 25 милиони. Покрај тоа, целиот настан се одржува на Рунградо 1-ви Мај стадионот – најголемиот стадион во светот со капацитет од 114.000 седишта.

10. На границата со Јужна Кореја постои пропагандно село.

Киџонг-донг, “Мирно село”

На границата со Јужна Кореја се наоѓа селото Киџонг-Донг, изградено со цел да им се покаже на јужните соседи целата привилегија да живеат на север. Тоа било изградено во 1950-тите, кога електричната енергија била луксуз во руралните области на двете страни на границата.

Светлата се појавувале во истите згради строго според распоред, улиците биле патролирани од војници, а истите жени ги миеле истите прозорци веќе 15 години. Подоцна, кога технологијата им овозможила на јужнокорејците подобро да го видат селото, станува јасно дека куќите во Киџонг-донг се ништо друго освен празни кутии без подови, тавани или внатрешни ѕидови.

11. Кој е погласен?

Поглед на Киџонг-донг и кулата за знаме од 160 метри – највисоката во светот до 2010 година

Постои уште една љубопитна приказна поврзана со Киџонг-донг. Веќе неколку години, беше домаќин на звучник кој ги опишуваше задоволствата на живеењето во Северна Кореја за оние кои ќе пребегаат од Југот.

Меѓутоа, во 2004 година, сфаќајќи ја залудноста на нивните обиди да ги поттикнат своите соседи, Севернокорејците започнаа да емитуваат воени маршеви 20 часа дневно во целост. Јужнаците одговорија со познатиот К-Рок. Кога бучавата стана потполно неподнослива, радијата беа исклучени со тивка согласност од двете страни.

12. Ким Јонг-Ун е единствен.

Ким Јонг-Ун за време на посетата на интернат, Пјонгјанг

Во Северна Кореја, официјално е забрането децата да го носат името што го носи нивниот лидер. Доколку детето било именувано вака пред да дојде новиот лидеер, родителите мора итно да му го сменат името. Ова не е прв случај од таков вид во Северна Кореја, имено, во 2011 година, таткото на Ким Јонг-ун, Ким Јонг-ил, издаде еквивалентен декрет за своето име. Сепак, прв што го направиле овој чекор бил нивниот дедо и татко, Ким Ил Сунг, и сите претходни забрани се уште се во сила.

13. Северна Кореја има задолжителна воена служба за мажи и жени.

Многу земји имаат задолжителна воена служба, но веројатно не толку долга како во Северна Кореја: сите мажи на возраст над 18 години треба да поминат 10-годишен рок во армијата. До 2003 година, терминот беше 13 години.

Во 2015 година почнаа и жените да ги регрутираат, иако на пократок рок: по завршувањето на средното образование и до 23-годишна возраст. Малку е чудно што оваа земја има активен воен персонал од околу 1 милион луѓе (4-ти во светот), со речиси 6 милиони резервисти!

Бонус: корејски постери

“На секое место во целата земја, да огледуваме фарми за риби од големи размери!”

Како што е познато, пропагандата во Северна Кореја ве следи насекаде цело време. Постери кои повикуваат да им служат на својата татковина и каузата на Ким-ови ги чекаат Корејците на секој агол. Можете дури и да купите неколку севернокорејски пропагандни постери. Имајте на ум дека тие се рачно насликани!

Споделете го постот доколку ви се допадна!

(4)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени