| 12.02.2018. ПО ДОМА

Делете насмевки, бидете точни и правете добри дела… Животот ќе ви се промени во драстично подобра насока. Со вашето однесување ја покажувате вашата култура и почитта, односно непочитта, кон другите.

Во време кога некултурата стана секојдневие, вие бидете исклучок. Со своето однесување шармирајте каде и да се појавите.

Правила кои ќе ви помогнат во тоа:

 
 

Смејте се – На продавачката, на таксистот, на колегата, дури и кога не добивате повратна позитивна реакција.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-02.jpg

Задржете ја вратата за личноста позади вас – А ако некој го стори тоа за вас, не заборавајте на задолжителното „благодарам“.

  
 

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-03.jpg

Излезете надвор за да одговорите на повик – Другите не ги интересираат вашите приватни разговори и интимни проблеми.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-04.jpg

 
loading...
 

Гледајте во личноста што ви зборува – Сериозно, тргнете го погледот од телефонот.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-05.jpg

Пуштете некој преку ред – Ветуваме дека сигурно ќе ви се разубави денот од доброто дело.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-06.jpg

Тргнете го телефонот на страна за време на оброците – Луѓето со кои заедно ручате заслужуваат малку внимание.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-07.jpg

Бидете точни – Точноста е култура и другите луѓе имаат попаметна работа отколку да ве чекаат вас.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-08.jpg

Исчистете по вашиот миленик – Не треба да чекате законска регулатива за да го сторите ова.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-09.jpg

Бидете тивки на работното место – Некои луѓе не можат да работат во врева, па имајте го тоа предвид.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-11.jpg

Облечете се за пригодата – Погреб, диско, кафе средба… Секоја пригода бара соодветен стајлинг.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-12.jpg

Мијте ги рацете по користење на тоалетот – Задолжително, затоа што одвратно е ако не го правите ова.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-13.jpg

Исчистете по себе – На работа, дома, кај пријател. Ова правило важи секаде.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-14.jpg

Наместете ја столицата кога станувате – Ова не треба некој друг да го прави за вас.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-15.jpg

Прашајте пред да однесете гостин – Пријател, децата, миленикот, кој и да водите со себе на гости кај некој, прво прашајте.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-16.jpg

Почекајте за сите да биде послужено пред да почнете да јадете – Без разлика колку и да е вкусен ручекот, издржете.

15-bonton-pravila-koi-mora-site-da-gi-sledat-17.jpg

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени