| 13.02.2018. ПО СВЕТОТ

Тајната служба на САД е полна со мистерии и митови. Кои се овие луѓе кои секогаш во филмовите носат црни костуми и темни очила за сонце и можете лесно да ги препознате? Доколку познавате некој од овие луѓе, сигурно знаете дека не се толку лесно препознатливи во реалниот живот.

Дознајте нешто повеќе за овие специјални агенти и нивната мистериозна организација.

post cover photo

 
 

Ги има во голем број
Кога зборуваме за единицата на тајната служба, генерално сметаме дека има околу 100 (или помалку) елитни војници. Всушност, тие се многу повеќе, и тоа 6500.

Не ги заштитуваат само претседателите
Тајната служба не го штити само само претседателот. Овие службеници го штитат семејството на претседателот, претходните претседатели, семејствата на претходните претседатели и секој кој претседателот сака да биде под заштита.

Постојат 3 фази во нивната служба
Теренската работа не е првата задача која им се доделува на агентите на Тајната служба. Најпрво, тие треба да работат во канцеларија 3 години, па потоа се соочуваат со работни предизвици (оваа фаза трае од 4 до 7 години). Во крајната фаза, еден агент може да биде унапреден на повисока позиција или да се врати на канцелариската работа.

  
 

Тие се обучени да се фрлаат пред куршумите и да преживеат во вода
Пред секој важен настан, агентите на Тајната служба ги замислуваат и ги вежбаат сите можни сценарија за убиство или престрелка. Тие користат специјални куршуми направени за овие тренинзи и сите агенти поминуваат низ обука за вештини секои 8 недели.

Тие се обучени да даваат прва помош
Секој агент има основни медицински вештини и е подготвен да остане смирен во критични ситуации да спаси нечиј живот пред да дојде амбулантното возило.

Тие секогаш имаат со себе претседателска крв
Агентите се секогаш подготвени да ги употребат своите медицински вештини и да ги изведат трансфузија на крв ако е потребно. Тие секогаш со себе носат ќесичка со крв од претседателот доколку е потребно и за да не ризикуваат со дарители на крв.

 
loading...
 

За секој претседател има посебна шифра
Тајната служба не ги користи вистински имиња при комуникација и ова не е холивудски мит или фантазија. Секој претседател си има посебна шифра и агентите често за едно претседателско семејство користат имиња коишто започнуваат со истата буква, на пр: Барак Обама бил Renegade, неговата сопруга Renaissance, а нивните деца Radiance и Rosebud.

Во подот на Овалната канцеларија има сензори на движење
Едно од правилата на Тајната служба е дека претседателот не треба да биде оставн сам без надзор. Доколку претседателот сака да биде сам во Овалната канцеларија без агентите,, тие лесно можат да го лоцираат секое движење и потенцијална закана со помош на сензорите кои се наоѓаат во подот.

Тие учествуваат во слободните активности на претседателот
Бидејќи претседателот не смее да остане сам, агентите се приморани да учествуваат во сè што прави претседателот во својот живот. Ако претседателот сака да трча наутро и агентите трчаат со него, ако сака да планинари и агентите планинарат, итн…

Одат заедно на лекар
Претседателот не смее да остане сам без агентот како придружба ниту во посета на лекар, без разлика за што се работи.

Тие ги следат сите заканувачки писма
Ова не е мит. Тајната служба ги проверува сите електронски и хартиени писма што може да содржат каква било закана. Оваа организација располага со илјадници видови на мастило за да го олесни процесот на истрагата.

Тие секогаш следат, слушаат и забележуваат сè
Агентите секогаш употребуваат колку што можат повеќе камери, што подоцна навистина им користи кога треба да се разреши некој случај. По убиството на Кенеди, постои кола која ќе снима сè за време на свечениот погреб.

Тие не се заколнуваат дека ќе го дадат својот живот за претседателот
Ова навистина е само холивудски мит. Таква заклетва не постои во реалноста. Ништо лично, господине Претседател.

Само еден агент загинал при вршење на својата службена должност
Во историјата постои само едно случај кога агент на Тајната служба беше убиен на 1ви Ноември, 1950 година бранeјќи го Хари Труман. Доколку агентот го жртвува својот живот за претседателот, тоа е чисто волонтерски.

Нивното централно седиште останува тајна
Седиштето на Тајната служба се наоѓа во зграда без знаци за идентификација. Во близина не постојат никакви канти за ѓубре (затоа нема место за инсталирање на бомба). Зградата се наоѓа на улица со екстремно кратко име: улица Х.

Основањето на службата е денот кога Линкон беше убиен
Идејата за создавање на ваква служба доаѓа од Секретарот на Министерството за финансии, Хју МекКулок. Тој оваа идеја му ја претставил на Абрахам Линколн на 14ти Април 1865 година, кога подоцна таа вечер претседателот отишол во театар и бил застрелан во главата.

Тајната служба не е основана за да го заштити претседателот
Дури и кога би била создадена оваа служба тоа утро, немало да му го спаси животот на Линколн, бидејќи главната цел на оваа агенција е да се соочува со фалсификување и финансиски измами и всушност сè уште се занимава со такви прашања.

Никогаш не носат очила за сонце
Во филмовите, можете да забележите дека агентите секогаш носат очила за сонце и црни костуми. Вистинските агенти никогаш не носат очила за сонце додека работат и се на некоја мисија бидејќи може да испуштат нешто важно поради сјајот од сонцето или недостаток на светлина.

Некогаш и тие се неуспешни
Навистина е тешко да се сокрие нешто денес, а грешките на Тајната служба не се исклучок. Имаше случај за Барак Обама возејќи се во лифот со вооружен офицер, кога еден човек со нож преку оградата влегол во Белата куќа.

Секогаш подготвени за акција
Ако подобро ја погледнете сликата, ќе забележите дека рацете на агентите се секогаш во одредена позиција. Позицијата на прстите може да се разликува, но секогаш значи дека се спремни брзо да реагираат и да го извадат своето оружје.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени