| 04.01.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Кој вели дека посното не е вкусно? Изгледа дека одамна помина времето кога менито за посни јадења се сведуваше на леб и мармалад.

Денес имаме толку многу избор, што постот ќе ви помине брзо и лесно, а ќе имате и што вкусно да наместите на вашата трпеза за посните слави.

Следуваат 3 посни предјадења кои не само што се вкусни, туку и изгледаат неодоливо привлечно:

 
 

Посни ќофтенца од грав

Потребно ви е:
– Околу 350 g грав
– Масло за јадење
– Праз
– Сусам
– Сол и бибер

Како се подготвува?

  
 

Сварениот град добро се процедува од водата и зрната се згмечуваат со рака или виљушка (внимавајте само да не стане целосно пире). Гравот се посолува и се обликуваат топчиња, односно мали ќофтенца.

Празот се сечка ситно и се пропржува на малку масло. Се додаваат зачини по вкус (сол, бибер, вегета, куркума) и се распоредува во тепсија. Над празот се ставаат ќофтињата од грав. Се посипува сусам по желба. Се покрива со капак или фолија за печење и се пече во загреана рерна на 200 °С.

Внимавајте ќофтенцата да не ги изгорат, бидејќи времето на печење е релативно кратко, околу 20-25 минути, во зависност од јачината на рерната.

 
loading...
 

Посна паштета од ослич

Потребно ви е:
– 1 kg ослиќ риба
– 1 морков
– 4 поголеми компири
– 1 шолја масло
– Бибер
– Лорберов лист
– 1 лажица сенф
– Сок од лимон
– Магдонос
– Малку оцет
– Сол и вегета

Како се подготвува?

Осличот се чисти, се попрскува со малку оцет и се остава да отстои околу 30 минути. Рибата повторно се мие со вода и се става во подлабок сад да се свари.

Се додаваат и компирите, морковот, лорберот, биберот и солта. Оставете сè добро да се свари. Издвојте го само осличот од тенџерето, а останатиот дел од зеленчукот тргнете го настрана добро прецеден во чинија. Осличот исчистете го од коските и спојте го со остатокот од зеленчукот, освен лорберовиот лист. Додадете го сенфот и сокот од лимон.

Со миксер или рачен блендер, испасирајте ја смесата додавајќи малку по малку масло. Сами ќе забележите колку масло е потребно според текстурата на намазот. Додадете вегета согласно вкусот.

Посни пролетни ролнички

Потребно ви е:
– 1 пакување тенки кори за пита
– 100 g морков
– 100 g зелка
– 100 g целер
– Соја сос
– Сол и бибер
– Масло за јадење

Како се подготвува?

Зеленчукот исечкајте го по должина на тенки ленти или изрендајте го. Зачинете го со сол и бибер и посипете малку соја сос. Секоја кора наполнете ја со зеленчукот и завиткајте мали ролни со димензии 5 × 1,5 cm. Испржете ги на загреано масло додека не поруменат. Послужете ги топли со посен мајонез по желба.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени