| 06.12.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Од пица, до вселенска пластика базирана на урина, па до крвни садови…Се чини дека не постои граница што сè може да биде 3D испринтано.

Сега, нова 3D платформа за принтање креирана од истражувачи водени од професорот Андре Штударт, шеф на лабораторијата за комплексни материјали од ETH Zurich од Швајцарија, може да користи живи материјали во процесот на принтање.

Специјално дизајнираниот материјал всушност е мастило во кое се вметнати бактерии и му овозможува на принтерот да создава живи биохемиски дизајни за разни намени, во зависност од видот на искористените бактерии.

 
 

 

Составено од биокомпатибилен хидрогел, мастилото пружа структура за бактериите (во студијата биле користени Pseudomonas putida и Acetobacter xylinum) кои во овој случај ја намалуваат болката, задржуваат влажноста и се неверојатно стабилни, така што потенцијална апликација на ова мастило би била во третмани за изгореници.

  
 

Штом оваа технологија се усоврши и е доволно брза и скалабилна, бактериските мастила би станале интегрален дел од многу продукти поврзани со медицината и биотехнологијата, а техниката би можела да се користи и за тестирање на водата за пиење за токсични компоненти, па дури и за филтрирање на излеана нафта.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени