| 06.04.2018. ПО ДОМА

Кога станува збор за оние знаци дека врската не функционира, повеќето се фокусираат на оние очигледни и јасни знаци и ги игнорираат оние кои не се толку впечатливи. Ако препознаете некој од овие знаци и во вашата врска, тогаш време е да преземете нешто!

Не излегувате од дома
Рутината е супер работа, а излежувањето на кауч и гледање филмови е одлична активност за сите заљубени парови. Но, ако се претворите во пар кој не прави ништо друго освен тоа, тогаш треба да знаете дека со тоа и правите штета на врската. Луѓето се социјални суштества, па ако излегувањата ги замените со каучот и воопшто не правите нови работи, со текот на времето ќе почнете да си префрлате еден на друг и сѐ почесто ќе се расправате без потреба.

Не се расправате
Сите парови се караат и тоа е нормално. Ако постојано премолчувате и попуштате со цел да избегнете караница, тогаш само прашање на време е кога еден од вас ќе експлодира. Врската не може да постои без компромис, но постојаното жртвување на своите ставови води кон пропаст.

 
 

Мрзливи сте кога станува збор за секс
Многу парови мислат дека проблемот е само ако сексот се случува ретко, но не е тоа проблемот. Проблемот е и во досадниот, рутински секс кој полека ја губи својата страст.

Ги игнорирате годишниците, а родендените се рутини
Дури и ако сте тип на човек кој не се замара околу годишници, сепак, убаво би било кога барем тие денови би ги направиле малку поинакви од останатите. Истото е и со родендените. Ако сѐ во врска со врската и вашите партнери го третирате како обична работа, тогаш сигурно едниот од вас ќе почне да се чувствува запоставено.

(1)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени