| 15.01.2018. ПО ДОМА

За да бидете среќни во врската не е доволно само нешто да правите за партнерот или задно со него, односно со неа. Подеднакво е важно да се воздржите од одредено однесување. Терапевтите откриваат 7 работи кои паровите во успешни врски не ги прават и токму затоа нивниот однос е здрав, цврст и среќен.

1. Повеќенеделно молчење

Многу е лошо ако со денови или со недели не разговарате со партнерот затоа што сте се навредиле. Во случај на конфликт неопходно е да разговарате, а не да го казнувате партнерот со молчење. Таквото однесување после долго време ќе доведе до многу поголеми проблеми.

 
 

2. Користење на сексот како казна

Сексот има многу важна улога во врската, бидејќи тоа е начин за емоционално, како и физичко изразување на емоциите. Со самото тоа, доколку го користите сексот како казнена мерка, не само што го казнувате партнерот физичко, туку го казнувате и емоционално. Ќе се почувствува одбиено и ќе се оддалечи од вас.

2-7-zlatni-raboti-koi-ne-se-sluchuvaat-vo-uspeshnite-vrski-www.kafepauza.mk_

  
 

3. Запуштање на физичкиот изглед

Паровите кои се долго време заедно имаат склоност да престанат да обрнуваат на својот изглед, да не се грижат добро за здравјето на телото и по дома да бидат толку опуштени, што индиректно води кон намалување на физичката привлечност во очите на партнерот. Иако тоа не мора да се случува секојдневно, сепак одвреме-навреме водете сметка како изгледате и кога сте дома. Почесто дотерувајте се и усреќете го партнерот.

4. Враќање во минатото

 
loading...
 

Погрижете се да не го завршите разговорот сè додека не го решите проблемот целосно. Ако постојано ги оставате работите недовршени, тие постојано и ќе се враќаат назад. Од друга страна пак, ако нешто сте решиле, со потсетувањето на старите грешки само ќе ги искршите темелите на вашата врска.

5. Избегнување караници

Караниците се важен составен елемент од успешната и среќна врска. Нема да ги избегнете проблемите ако ги избегнувате караниците – можете само да ги насобирате во себе и потоа да „експлодирате“ кога најмалку ќе очекувате.

3-7-zlatni-raboti-koi-ne-se-sluchuvaat-vo-uspeshnite-vrski-www.kafepauza.mk_

6. Поставување телевизор во спалната соба

Заедничкиот крај на денот е важен фактор за среќните врски. Иако гледањето телевизија навечер може да причинува задоволство, сепак тоа не треба да се случува во спалната соба. Нека спалната соба биде место каде што ќе разговарате, ќе си кажувате убави работи и заеднички ќе заспиете – без звуци од телевизорот во позадина.

7. Недоверба

Довербата е најважната точка во односот. Ако таа не постои, тогаш нема да можете да бидете слободни и среќни. Ако мислите дека постои повод за сомнеж во партнерот, запрашајте се дали тој/таа е вистинската личност за вас.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени