| 09.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Животот секогаш граби напред и работите секогаш се подобруваат. Во прилог погледнете ги најновите пронајдоци кои ќе го направат светот околу нас чист, безбеден и љубезен. Исто така постои и специјален бонус за дами на крајот.

1. Патишта од соларни панели

Ова за што се збори не се соларни панери на покрив – ова се ПАТИШТА направени од соларни панели. Покриени во смола базирана на силициум, која може да ја издржи тежината на големите коли, камиони и автобуси, генерираат доволно електрична енергија за напојување на уличните светилки. Веројатно не се многу ефикасни, но ова е сигурно само почеток.

 
 

2. Чистач на океани

Овој уред се состои од плутачки греди и платформа и е дизајниран да го чисти океанот од ѓубре. Нејзиниот водечки принцип е пасивност: наместо да го ”брка” ѓубрето насекаде низ океаните, се движи со океанските струи и ветриштата кои и онака природно го циркулираат ѓубрето. Се очекуваа чистачот да повлече 42% од ѓубрето во Северно-пацифичкиот басен за 5 години, со што океаните ќе се почисти и побезбедни.

3. Сферични гуми

Од Goodyear велат дека “Не треба да го ре-откриваме тркалото”, бидејќи они само што го направиле тоа наместо нас, презентирајќи сферична гума која им овозможува на автомобилите да се движат во многу насоки, вклучувајќи странично во паралелно паркирање и под одредени агли и брзини.

 
 

4. Дизни бионичка рака

3D печатачот е корисен и познат изум, но она што овие 2 компании го прават е навистина прекрасно. Компанијата “Волт Дизни” великодушно дава лиценци за авторски права на Open Bionics, 3D компанија која ги ”печати” протезите на децата со различни дизајни.

 
loading...
 

5. Безбедносен камион

Оваа идеја звучи толку едноставно што ќе се прашате зошто досега не се појавила. Тоа е систем кој ги пренесува видео снимките од предниот дел на еден камион до 4 екрани на задната страна, давајќи им на возачите јасен поглед на она што доаѓа од спротивна насока. Оваа особина е неопходна во многу земји со ликвидни и тесни патишта.

6. Вертикални градини

Ова не е само декорација и извор на кислород. Инсталирани надвор, обработуваат тешки метали, филтрираат штетни гасови и ја фаќаат прашината. Внатре, тие можат да се користат како вистински фарми за одгледување на билки или едноставни зеленчуци.

7. Пејсмејкер

Овој мал, но многу важен медицински уред одржува соодветен пулс на срцето кога природниот пејсмејкер не работи правилно. Најновите модели се приближно големи и обликувани како пилула и може да се вметнат преку катетер за нозе наместо инвазивна хирургија.

Бонус

Нема повеќе клечење над нехигиенски јавен тоалет! Овој уред е изработен од медицински силиконски додатоци и им овозможува на жените да уринираат додека стојат. Уредна, дискретна и хигиенска. Ова е како феминистичката победа на декадата.

(364)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
17.11.2017. Ливадџија
16.11.2017. The Chef
15.11.2017. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени