| 19.03.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Мртвото Море, Морето на смртта и Лотово Море се називите за соленото езеро помеѓу Јордан и Израел кое се гордее со салинитет од дури 33 %. Дознајте по што сè овој природен бисер е посебен.

1. Мртвото Море е најголемата светска депресија. Ова солено езеро се наоѓа околу 400 метри под површината на Светското море, на Блискиот Исток, помеѓу Јордан и Израел. Исто така е длабоко околу 400 метри.

2. Нивото на водата во Мртвото Море не расте, бидејќи околу него владее пустинска клима, со температура од 40 степени Целзиусови во летните месеци, која доведува до големо испарување. Од друга страна, дождовите се многу ретки на ова подрачје.

 
 

3. Салинитетот во Мртвото Море изнесува околу 33 %. Средоземното море има процент од 3 % сол, додека Мртвото Море не е најсоленото езеро на светот. Од него, посолено е Асалското езеро во источна Африка (35%) и Дон Жуан Понд на Антарктикот (40%).

4. Поради високиот процент на солта, условите за живот во Мртвото Море се многу сурови. Во таа вода можат да преживеат само ретки микроорганизми, како анаеробни бактерии.

5. Солта и минералите во водата влијаат позитивно на човековото здравје, односно може да лекува псоријаза и други кожни болести како и остеопороза и артритис.

  
 

6. Поради високиот процент на солта, водата е многу густа, па оневозможува пливање, а никој не може да потоне. Сепак, тоа не треба да значи дека ова место не е опасно.

Спасувачката екипа постојано ги предупредува туристите да не пијат вода од езерото, бидејќи поголема количина може да ја поремети рамнотежата на електролити во организмот и доведе до уништување на некои органи. Во Мртвото Море, забрането е нуркање и скокање во вода, со цел да се избегне контакт со сол на очите.

7. Лековитата кал од Мртвото Море ја користеа старите Египќани за балсамирање на мумиите.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени