| 24.12.2017. ПО ДОМА

Дали некогаш си доживеал чести грчеви во мускулите? Или интензивна желба за чоколадо која е поважна од се друго? Често се борите да стигнете до бањата?

Ако имате еден или повеќе од овие проблеми, постои можност за недостаток од магнезиум. Недостатокот од магнезиум е познат како „невидлив недостаток” од страна на експерти, бидејќи тоа толку често се занемарува. Но, тоа не значи дека магнезиумот треба да се игнорира. Всушност, треба да се сфати сериозно. Недостатокот на магнезиум предизвикува големо страдање. Но, како еден минерал може да предизвика толку многу проблеми?

Магнезиумот е од суштинско значење за повеќе од 300 различни ензимски процеси во телото. Тој има улога во безброј телесни функции како што се срцето, движењето на мускулите или создавањето на хормони. Со оглед на тоа што магнезиумот е вклучен во толку многу процеси во телото, може да предизвика проблеми доколку не внесуваш доволно количество. Луѓето кои имаат недостаток на магнезиум често не се свесни за тоа и несаканите ефекти ги фоживуваат како составен дел од нивниот живот. Бидејќи недостатокот на магнезиум е толку лесно фиксиран, но во исто време занемаруван, јас ќе ви ги покажам најчестите знаци и симптоми. Се надевам дека ова ќе им помогне на луѓето да избегнат непотребно страдање.

 
 

Грчеви во мускулите
Иако не е позната точната причина за грчеви во мускулите, многумина мислат дека недостатокот на минерали е виновникот. Конкретно, се смета дека ниски нивоа на калиум, калциум или магнезиум предизвикуваат грчеви. Ова прашање е уште почесто отколку што може да мислите благодарение на нашето општество зависно од кафе. Диуретиците (супстанции што прават да мочаме почесто), како што се кафето, чајот или дури и лековите за крвен притисок, може брзо да ги уништат нашите минерални количества во организмот. Кога уринираме, минералите го напуштаат нашето тело. Ако често пиеш кафе или земаш диуретични лекови, можеби треба да размислиш за додатоци на минерали, особено ако сте искусиле некој од наведените симптоми.

Желба за чоколадо
Кога имаме потреба од храна, тоа е начин на нашето тело да ни каже дека му е потребна хранлива материја. И ова не изговор да јадеш торта секоја вечер. Треба да го слушаш твоето тело и да научиш да го протолкуваш токму она што ти го кажува. На пример, да речеме дека ти се јаде чоколадна торта. Во реалноста, твоето тело нема потреба од торта или чоколадо. Но, зошто твоето тело би сакало чоколадо?

Па, темно чоколадо е всушност одличен извор на магнезиум. Тоа содржи околу 24% од вашите дневни потреби во само еден ред (од темно чоколадо)! Значи, ако твоето тело има голема потреба од чоколадо, тоа значи дека имате недостаток на магнезиум. Ако сакате да ги искористите придобивките од чоколадата и да добиете соодветно количество магнезиум, најдобро е да јадете висококвалитетно темно чоколадо. На тој начин сеуште можете да ги задоволите желбите за чоколадо, но направете го тоа без да се чувствувате виновни или да го правите на нездрав начин. Направете си услуга и прескокнете ги слатките глупости (млечна чоколада). Повеќето млечни чоколади се нездрави и содржат мали количества какао, па здравствените придобивки речиси и да не постојат. Размислете за јадење темно чоколадо кое е 65-70% какао (или повеќе). Колку е потемно чоколадото, толку нивото на магнезиум е повисоко и здравствените придобивки се поголеми.

  
 

Анксиозност
Дали се чувствуваш вознемирено во нормални услови? Дали се мислиш за несигурната иднина? Ако е така, знај дека не си единствен. Анксиозноста е една од најчестите ментални болести. Всушност, една од најчестите симптоми на недостаток на магнезиум е вознемиреност. Д-р Марк Химан, меѓународно признат лидер во здравјето, вели дека „магнезиумот е минерал за релаксација. Вкочанетост, нервоза, дури и промена на расположението…сето тоа е знак за недостаток на магнезиум. Треба да размислиш за зголемување на нивото на магнезиум во твојата исхрана доколку имаш некој од овие симптоми.

Несоница или проблеми со спиење
Ако имаш проблеми со спиењето, страдаш од несоница, тоа веројатно е знак дека имаш недостаток на магнезиум. Всушност, дури и мал недостаток на магнезиум може да го спречи релаксирањето на мозокот во текот на ноќта. Ова е затоа што магнезиумот игра клучна улога во централниот нервен систем. Бидејќи магнезиумот е исто така познат и за промовирање на релаксација, се препорачува, доколку земате додаток од магнезиум, да го земате во текот на ноќта за да ја искористите оваа особина. Многу луѓе (вклучувајќи ме и мене) ноќе земаат магнезиум за да го искористат неговиот релаксирачки ефект.

Запек
Ја забележа врската помеѓу магнезиумот и релаксацијата, така?
Релаксирачкиот ефект на магнезиум важи и за дигестивниот тракт. Кога твоето тело има недостаток на магнезиум, твоите црева имаат тенденција да се стегаат. Како резултат на тоа, потешко е да помине отпадот, што пак може да доведе до запек. Но, магнезиумот не е важен само за релаксација на цревата, туку исто така ја повлекува водата од твоите црева која овозможува отпадот да се поместува полесно. Размисли за тоа. Што ако мораше да се спуштиш по лизгалка со вода, ама без вода? Е тоа му се случува на твојот дигестивен тракт.

 
loading...
 

Висок крвен притисок
Магнезиумот помага да се прошират и релаксираат крвните садови, а спротивното настанува при недостаток на магнезиум.Со други зборови, недостаток на магнезиум може да предизвика висок крвен притисок со зголемување на констрикцијата на крвните садови. Здравата исхрана (освен ако не постои магнезиум во исхраната) или вежбање нема да го намали крвниот притисок доколку имаш недостаток на магнезиум. Значи, ако имаш тешкотии со висок крвен притисок, задолжително треба да го зголемиш количестовото на магнезиум во исхраната.

Главоболки и мигрена
Кога имаш главоболка или мигрена што правиш? Земаш Ибупрофен или Кафетин. Лежиѓ и се релаксираш? Повеќето главоболки или мигрена се резултат на констрикција или тензија. Напнатите главоболки, на пример, се резултат на напнати мускули во горниот дел од грбот, рамената или вратот – овие често се сметаат за мигрени. Истражувањата покажаа дека луѓето што искусуваат мигрена често имаат пониско ниво на магнезиум во споредба со оние кои не доживуваат мигрена.

Така, наместо да трчате во кабинетот за лекови за да добиете некој ибупрофен, разгледајте ја можноста за недостаток на магнезиум. Враќањето на нивото на магнезиум и додавањето на соодветен извор на магнезиум во исхраната може да резултира со долгорочно ослободување од мигрена или главоболка. Користењето на магнезиум за долгорочно олеснување би било многу подобра опција отколку привремено ослободување на болката со разни лекови, не мислиш така?

Неправилно отчукување на срцето
Како што знаете досега, магнезиумот е суштински минерал за мускулна релаксација. Бидејќи твоето срце е исто така мускул, кога немаш доволно магнезиум, твоето срце се бори да одржи нормален ритам на контракција и релаксација. Ова може да предизвика неправилни отчукувања на срцето или како што докторите го нарекуваат аритмија.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени