| 09.04.2018. ПО ДОМА

Тироидната жлезда, лоцирана на предниот дел од вратот, е жлезда која произведува хормони клучни за нормалното функционирање на органите.

Токму тироидата одредува колку брзо или бавно ќе работи мозокот, срцето, мускулите, црниот дроб и други клучни делови од телото.

Кога тироидната жлезда произведува помалку хормони од потребното, телото страна од хипотироидизам. Тоа најчесто се случува заради автоимуна болест или третман со радијација. Работата на тироидната жлезда исто така може да биде нарушена од вирусна инфекција или недостаток на јод.

 
 

Како што лекарите потврдуваат, доколку хипотироидизмот не се лекува, може да доведе до депресија, срцева слабост или кома.

Но, кога еднаш ќе се дијагностицира преку тестирање на крвта, лесно се лекува и регулира со помош на лекарства.

8 знаци кои укажуваат дека треба да направите тест на тироидата:

  
 

1. Чувствувате постојана слабост и замор.

2. Имате груба, сува коса и сува, бледа кожа.

 
loading...
 

3. Ниска толеранција на студ.

4. Запек.

5. Имате чести грчеви и болки во мускулите.

6. Лесно заборавате.

7. Кај жените, менструалните циклуси се абнормални.

8. Депресивни сте и раздразливи.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени