| 04.12.2017. ПО ДОМА

Како што постои афродизијак – храна која го зголемува либидото, така постојат и видови на храна од кои сексуалната желба нагло опаѓа. Јес да за балканскиот пастув не постои зима, ама сепак е добро да ги знае овие неколку анти-афродизијаци за да не се накрка пуканки и да шета сам млитав, пашувајќи се каде е проблемот.

Соја

Сојата е одлична за организмот, но може негативно да влијае на либидото. Кај мажите може да го намали нивото на тестостерони, како и бројот на сперматозоиди.

 
 

Пуканки

Иако се совршена комбинација со гледање на филмови, пуканките имаат негативно влијание на сексуалниот живот. Истражувањата исто така покажале дека кај мажите го намалуваат бројот на сперматозоиди.

Диетални сокови

  
 

Големата количина на вештачки засладувачи го намалува нивото на серотонин, хормон кој влијае на чувствување на задоволство, што значи и помалку уживање во сексот.

Алкохол

Алокохолот може да влијае позитивно на самодовербата, но негативно на сексуалната способност.

 
loading...
 

Алкохолот го намалува нивото на тестостерони и негативно влијае на сексуалната функција.

Бело брашно

Обработената храна и белото брашно не содржат речиси никакви нутритивни вредности – од нив се отстранети сите потребни витамини и минерали. Консумирањето на бело брашно може да доведе до инсулинска резистенција и евентуално дијабетес, кој го зголемува ризикот од срцеви заболувања и еректилна дисфункција.

Цвекло

Додека јадењето на цвекло пред вежбање може да ја подобри функцијата на мускулите, ова овошје не е идеално за сексуалната функција. Консумирањето на цвекло може да го зголеми нивото на естроген во организмот, хормон кој може негативно да влијае на оние кои имаат хормонски дисбаланс во организмот.

Флаширана вода

Постојат доста причини зошто би требало да се избегнува флаширана вода, а супстанците пронајдени во пластичните шишиња се најчест виновник за здравствени тегоби. Штетната хемиска супстанца BPA, може да доведе до сексуална дисфункција, намален број на сперматозоиди кај мажите и јајце клетки кај жените.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени