| 10.01.2018. ПО СВЕТОТ

Зоолошка градина од Данска повика собирање на „непосакуваните“ домашни миленичиња за со нив да бидат хранети предаторите.

За оние кои што сакаат да се ослободат од своите домашни миленици, Зоолошките градини од Копенхаген и Гивскуд се подготвени да ги превземат, со цел со нив да ги нахранат крволочните животни како што се лавовите, тигрите, волците и други.

Тие кои што ќе сакаат да донираат коњ, ќе мора да почекаат три месеци поради слабите капацитети на замрзување, додека пак помалите миленици веднаш можат да бидат превземени. Моментално, Зоолошката градина во Копенхаген добива од пет до шест глодари (најчесто зајаци) месечно и тие секогаш велат дека се отворени за „животински донации“.

 
 

„Добро е дивите животни да имаат разновидна храна, да не јадат само коњско месо или говедско. Покрај тоа, тие го добиваат и крзното кое што им е потребно за забите, а цревата на глодарите се многу здрави за нив“, изјавила Ен-Софи Елер, чувар на животни.

Зоолошките градини не се отворени само за бесплатна храна, туку на донаторите им даваат и „психолошка поддршка“. На родителите кои што ги донирале миленичињата на своите деца, ги советуваат од приказните за „рајот за зајаците“. Во духот на данските Зоолошки е да се прикаже природата – природно, без животинското царство да се идеализира како во цртаните на Дизни. Затоа, поранешните сопственици имаат право да присуствуваат на погубувањето на своите миленици.

„Луѓето се потресени, така што поминуваме долго време за да им објасниме што ќе се случи. Мислам дека луѓето повеќе би сакале нивните миленици да завршат „повозвишено“ од закопувањето или кремирањето“, додава Ен-Софи Елер.

  
 

Иако се смета дека предаторите се посреќни кога ќе добијат поголеми животни, Зоолошките градини прифаќаат претежно помали миленици.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени