| 12.12.2017. ПО СВЕТОТ

Трагедијата била снимена од камера што тој ја поставил на спротивната страна од зградата.

Кинески акробат загинал при пад од 62-ри кат при обид да изведе акробација на врвот на облакодер.

Дваесет и шестгодишниот Ву Јонгнинг се искачил на зградата, со цел да сними вирално видео. Трагедијата била снимена од камера што тој ја поставил на спротивната страна од зградата. Телото на Ву го нашол чистач на прозорци.

 
 

Несреќата се случила минатиот месец, но веста сега се прошири во јавноста, откако обожавателите се загрижиле што Ву еден месец нема објавено видео.

Неговата девојка ја потврдила смртта. Таа додала дека тие требало да се венчаат, а дека со парите што планирал да ги заработи од видеото со смртоносниот потфат, сакал да им купи подарок на родителите на девојката.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени