| 30.11.2017. ПО СВЕТОТ

После 32 години пауза, италијанскиот производител повторно ќе тргне во лов на F1 титули.

Како партнер на швајцарскиот Sauber, Alfa Romeo од следната сезона ќе настапува во формула 1 шампионатот. Тимот ќе има назив Alfa Romeo Sauber и освен дека договорот за соработка е потпишан на повеќе години, засега официјално не се познати многу детали. Но затоа добро се знае дека Alfa Romeo има значајна улога во историјата на формула 1, почнувајќи од самите нејзини корени – првите два светски шампионати ги освоија нејзините возачи, Нино Фарина во 1950-та и легендарниот Хуан Мануел Фанџо наредната година.

После тоа Alfa Romeo официјално не учествуваше во формула 1, но со свои мотори снабдуваше други екипи. Во најбрзиот циркус се врати во 1979 година, но после шест години без некој значаен успех се повлече.

 
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени