| 05.01.2018. ПО ДОМА

Ацеталдехид, хемиско соединение што се јавува во телото, после обилно  пиење трајно ги оштетува ДНК матичните клетки и може да предизвика седум видови на рак.

Со пиењето на алкохолот телото произведува ацеталдехид, опасно хемиско соединение што трајно ја оштетува ДНК на матичните клетки и драматично го зголемува ризикот од рак, се вели во истражувањето на британските научници.

Тимот на Кембриџ ја потврди оваа децениска претпоставка за канцерогениот ефект на алкохолот од ова откритие.

 
 

Матични клетки

– Некои видови на рак се развиваат поради оштетување на ДНК во матичните клетки. Иако некои штети се случуваат случајно, нашите наоди укажуваат на тоа дека алкохолот го зголемува ризикот.

Студијата беше спроведена на глувци. Наодите покажуваат дека ацеталдехидот може да ја прекине и оштети ДНК во матичните клетки, постојано менувајќи ја ДНК секвенцата.

  
 

Седум видови на рак

Наодите обезбедуваат увид во тоа како алкохолот го зголемува ризикот рак на дојка, црево и пет други видови на рак.

– Нашето истражување покажува дека луѓето кои не се во можност да издржат алкохолот ефикасно, претрпуваат  тешки оштетувања на ДНК и на тој начин се изложени на поголем ризик од добивање на рак – вели Кетан Пател.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени