| 06.02.2018. ПО СВЕТОТ

Севернокорејскиот дипломат Џу Јонг Чол ги обвини денес американските власти дека се обидуваат да ја влошат ситуацијата со поделбата на Корејскиот полуостров со тоа што во близина распоредуваат „нуклеарни средства“ и прават основа за преветивен напад.

Севернокорејскиот дипломат смета дека со распоредувањето на војници, воена опрема и стратешко вооружување во Јужна Кореја и во регионот, Американците прават една основа за изведување на превентивен напад на Северна Кореја.

„Со оглед на природата и обемот на амерканските засилувања, тие се дизајнирани за превентивен напад на Демократска Народна Република Кореја“, изјави Џу Јонг Чол на конференцијата во Женева која што се одржува под покровителство на Обединетите нации.

 
 

Тој тврди дека американските власти, вклучувајќи ги министерот за одбрана и шефот на ЦИА, во повеќе наврати досега говореле за нуклеарната и ракетната закана која што доаѓа од неговата земја.

Според него, американските власти подолг период го прават тоа „за да го оправдаат својот аргумент за воена опција и новиот концепт наречен Крвав нос“ – ограничен превентивен напад на Северна Кореја, план кој што го разгледува американската адмиистрација предводена од Доналд Трамп.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени